Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Промовирана публикацијата „Коментар на Законот за општата управна постапка“

Коментарот на Законот за општата управна постапка претставува неопходна практична алатка за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коментарот на Законот за општата управна постапка претставува неопходна практична алатка за службениците во јавната администрација, која придонесува за законска, стручна и предвидлива примена на Законот и ја зајакнува правната сигурност на граѓаните, рече денеска министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

Во обраќањето на промоцијата на публикацијата „Коментар на Законот за општата управна постапка“, Минчев истакна дека ЗОУП е еден од најзначајните системски закони во македонската легислатива, бидејќи, како што нагласи, ги уредува односите меѓу граѓаните и јавната администрација во сите фази од животот, како и работата на сите државни органи и институции со јавни овластувања. 

Министерот ја нагласи посебната вредност на публикацијата.

Реклама

-Публикацијата претставува значајно стручно дело од областа на управното право и практичната примена на Законот за општата управна постапка (ЗОУП), а е резултат на заедничка работа на еминентни теоретичари и практичари од областа на управното право, подвлече Минчев.

Министерството за јавна администрација наведува дека ја поддржува и ја препорачува публикацијата за широка употреба во јавната администрација, како значаен придонес кон унапредување на квалитетот на управните постапки и услугите кон граѓаните.