Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Промовиран протокол за лица без државјанство: подобра координација, здравствена заштита и правна сигурност

Во Скопје денеска беше промовиран протоколот за лица без државјанство, со кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска беше промовиран протоколот за лица без државјанство, со кој институциите воспоставуваат системски и координиран пристап за решавање на новите случаи, како и за унапредување на пристапот до основни права, вклучително и здравствена заштита. Протоколот е резултат на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство и Мисијата на ОБСЕ во Скопје и има цел да стави крај на ад хок решенијата и административните празнини.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оцени дека станува збор за историски чекор во справувањето со проблемот на бездржавјанството.

– Ова е важен, можеби и историски чекор за нас. Министерството за внатрешни работи има одговорност кон сите луѓе што престојуваат или живеат во државата, особено кон оние што со години се соочуваат со административни пречки. Со поддршката на Мисијата на ОБСЕ направивме значајна работа. Протоколот што ќе биде формализиран ќе ја унапреди меѓуинституционалната соработка, ќе дефинира јасни чекори и ќе овозможи системско, а не ад хок решавање на проблемите – изјави Тошковски.

Реклама

Тој додаде дека прашањето за бројот на лица без државјанство со години не било целосно затворено, но дека со новиот протокол се воспоставува механизам за институционален и долгорочен пристап. 

Министерот за здравство Азир Алиу нагласи дека протоколот има директно значење за здравствениот систем и за пристапот до здравствени услуги за лицата без државјанство.

– За нас, здравјето значи многу. Се грижиме за сите – за граѓаните на нашата држава, но и за оние што не се формално граѓани или немаат завршени административни процедури. Лицата без државјанство не смее да останат без здравствена заштита и во моментот кога ним им е потребна услуга, ние сме тука таа да биде обезбедена навремено и квалитетно. Како Министерство за здравство, задоволство ни е што одиме чекор напред и што овие процедури, конечно, ќе бидат административно завршени – и од техничка и од протоколарна гледна точка, во соработка со Министерството за внатрешни работи и сите релевантни засегнати страни – рече Алиу.

Од здравствен аспект, како што рече, новиот пристап ќе овозможи овие лица понатаму да бидат евидентирани и третирани како пациенти во здравствениот систем.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, оцени дека промоцијата на протоколот претставува значаен исчекор и надградба на досегашните напори.

– Денешниот настан е уште поважен. Со него преминуваме на следното ниво. Денес сме тука за да го надградиме тој успех, кој е резултат на долгорочна и посветена работа. Протоколот што денес се потпишува ќе овозможи новите случаи без државјанство да се обработуваат институционално и системски. Ова е голем успех за државата и сакам да потенцирам дека тој беше возможен благодарение на посветеноста на оваа Влада, а особено на лидерството на двата ресори, чии министри денес се со мене – министерот Тошковски и министерот Алиу – изјави Вал потсетувајќи дека државата стана прва земја на Западен Балкан што ги реши сите познати случаи без државјанство произлезени од распадот на СФРЈ.

Со протоколот се очекува подобрена координација меѓу институциите, поефикасно решавање на новите случаи без државјанство и обезбедување пристап до основни услуги за една од најранливите категории во општеството.