Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Промоција на нов број од списанието „Филозофска трибина“

Филозофското друштво на Македонија од 19 часот во Културно-информативниот центар – Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филозофското друштво на Македонија од 19 часот во Културно-информативниот центар – Скопје ќе го промовира 37-миот број на списанието „Филозофска трибина“, кој содржи десет текстови од темата на бројот: „300 години Кант“.

Автори на текстовите се акад. Ферид Мухиќ, проф. д-р во пензија Мирко Ѓошевски, акад. Иван Џепароски, американскиот филозоф Стивен Фридман, д-р Бошко Караџов, проф. д-р Јасмина Поповска, д-р Марија Тодороска, проф. д-р Сенка Анастасова, д-р Самуел Колономос Садикарио и д-р Игор Поп Трајков.

-Текстовите беа презентирани на истоимениот симпозиум во рамките на Светскиот ден на филозофијата, одржан на 21 и 22 ноември 2024 година. Во списанието има и три авторски текстови – од проф. д-р Марија Тодоровска, доц. д-р Ведран Диздаревиќ и од проф. д-р Славица Србиновска, еден приказ на промоција од м-р Александар Богатинов и два прилога во рубриката „Филозофски живот“, соопшти Филозофското друштво на Македонија.

Реклама

Новиот број од списанието „Филозофска трибина“ ќе го промовира проф. д-р Ана Димишковска. Достапен е и електронски на веб-страницата на Филозофското друштво на Македонија https://fdm.mk/filozofska-tribina-37/