Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Промоција на 11. број на меѓународното научно списание „Ars Academica“

Факултетот за драмски уметности – Скопје и Факултетот за музичка уметност –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Факултетот за драмски уметности – Скопје и Факултетот за музичка уметност – Скопје вечер ќе го промовираат новиот, единаесетти број на меѓународното научно списание за изведувачки уметности „Ars Academica“, кое веќе десет години претставува значајна академска платформа за современи истражувања и теоретски промислувања од областа на театрологијата, музикологијата, драматологијата, филмологијата, танцувачките и визуелни уметности, односно од областа на изведувачките уметности. 

Како што информира ФДУ – Скопје, промоцијата ќе се одржи на сцената на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Настанот ќе ја одбележи успешната децениска соработка меѓу двата факултета и ќе ја потенцира важноста на списанието за академската и уметничка заедница како релевантен научен ресурс и единствен простор за интердисциплинарна размена на идеи и современи истражувања.

Списанието го должи своето основање и концепт токму на заедничката, визионерска иницијатива на проф. д-р Ана Стојаноска и проф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, кои ја поставија рамката за неговиот интердисциплинарен и современ карактер.

Реклама

„Ars Academica“ содржи научни трудови кои обработуваат актуелни, современи теми и проблематики од изведувачките уметности, со особен фокус на интердисциплинарноста, новите методолошки пристапи и развојот на критичка мисла во уметничките и теориските практики. Трудовите се рецензирани од домашни и меѓународни експерти од областа.

Во овој број се застапени автори чијашто работа носи нови научни увидувања и анализи: Евица Тасеска-Каранфилова, Илија Циривири, Милчо Узунов, Биљана Тануровска-Ќулавковски, Сашо Кокаланов, Деспина Ангеловска, Сашо Димоски и Елизабет Колевска. Тие разработуваат актуелни теми од продукциските практики, интеркултурните и миграциските процеси, современите театарски и филмски модели, како и новите танцови и едукативни методологии. Овие трудови, засновани врз конкретни примери, студии на случај и аналитички пристапи, го прикажуваат виталниот развој на изведувачките уметности и нивната трансформација во современиот културен контекст.

Списанието е достапно и во електронска форма, на следниот линк: http://www.fdu.ukim.edu.mk/pdf/ArsAcademica_011.pdf