Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Прогнозите за низок економски раст за експертите се очекувани

Извештајот на Светска Банка кој ја смести Македонија на дното од земјите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извештајот на Светска Банка кој ја смести Македонија на дното од земјите во регионот не е изненадување. Според експертите, растот од само 1 отсто во 2023 година е резултат на доцната реакција на Владата во кризата, мерките одмрзни – замрзни беа донесени предоцна и  не ја стабилизираа инфлацијата на време .

Причините за тоа, Владата касно реагираше на кризата, односно не реагираше соодветно. Ја пушти инфлацијата да ескалира , па потоа замрнување на цените , па одмрзнување. Едноставно потфрлија, не сакаа да зголемат плати на јавна администрација, но она што е добро е што на крајот на годината се освестија. Од она што го гледаме од првите податоци за 2024 е дека работите помрднаа малку на позитивно, вели Бранимир Јовановиќ од Виенски институт за меѓународни економски студии

Втората половина од годинава ќе биде економски полоша во однос на првата бидејќи тогаш ќе престане пакетот антикризни мерки, и новата власт ќе мора да „го затегне каишот“ за да штеди на сметка на потрошеното во предизборието. Проценките  на Виенскиот институт се дека 2024 ќе ја завршиме со раст од 2.2 отсто, а се додека не се адресираат крупните суштински проблеми, наместо да се купува социјален мир не може да се постигне раст над 3 отсто.

Реклама

Она што ќе биде интересно за оваа година е дека првата половина од годинава ќе биде добра и заради тоа што платите ќе бидат високи, и заради предизборните трошења, но откако ќе заврши пакетот на антикризни мерки, а тоа ќе биде во мај – јуни, откако ќе поминат изборите ќе следува отрезнување и втората половина ќе биде полоша, додава Јовановиќ.

Една од критиките на Светска банка е дефицит, а и според пресметките на Виенскиот институт тој е рекордно високо ниво. Владата троши за да ги добие изборите, а ваквото трошење ќе се плаќа во иднина со нови задолжувања .

Според нашите пресметки, дефицитот во првиот квартал од годината е околу 8-9 отсто од БДП , Македонија немала никогаш толкав дефицит. Минатата година беше на 5-6 отсто, сега во првиот квартал имаме 9 отсто. Несомнено, Владата троши многу за да ги добие изборите и тоа го прави секоја Влада. Нема да се доведеме во ситуација да немаме пари за плати и пензии туку кога ќе се истрошат парите ќе треба да се задолжуваме и ќе расте јавниот долг, вели Бранимир Јовановиќ

Според последниот Извшетај на Светка банка, Македонија четврта година по ред е со најнизок економски раст во регионот, а истата судбина не очекува и во 2024 , за тогаш се предвидува благ раст од 2,5  Ова е далеку пониско од владината проекција со која се очекува тој да биде 3, 4 отсто.