Панче Тошковски предлогот за министер за внатрешни работи- долгодишен адокват и магистер по кривично право и криминологија на Јустинијан Први, моментално претседател на републичката правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓоко Велковски предлогот за министер во труд и социјала- долги години работел токму во тоа министерство, а од 2021 до 2023 беше и секретар во Град Скопје, а во моментов е раководител на секторот за поддршка на градоначалникот на Гази Баба.
Според познавачите токму предлозите за министри во техничката Влада се тие што треба да спречат злоупотреба на полицијата и поткуп на најсиромашните во предизборниот период.

-Зошто токму во основа труд и социјала и внатрешни, затоа што неретко полицијата знае власта да ја искористи за вршење притисоци, за можеби одредени приведувања и одредени злоупотреби. Труд и социјала, сите оние мерки кои актуелнава власт проба во изминативе со законски одредби да ги направи, значи делење своевидни пакети, разно разна помош и своевидна форма на поткуп на пред се сиромашното население, изјави Андоновски.
Тројцата предлози на опозицијата за дополнителни заменици министри се Стефан Андоновски, Елена Петрова и Цветан Трипуновски.
Андоновски ќе биде во информатичко општество е докторанд на “Јустинијан Први” и магистер по меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД. Пред политичкиот ангажман, пет години работел во бизнис секторот во Македонија и е консултант на меѓународни донаторски проекти во областа на дигиталниот маркетинг, комуникации и медиуми.
Петрова која ќе заменичка во финансии е дипломиран економист со над 25 годишно работно во Управата за јавни приходи. Седум години била управник во Дирекцијата за големи даночни обврзници. Осум години работела и во приватниот сектор, а во моментот е заменик претседател на Работното тело за имплементација на Даночен информациски систем во УЈП.
Трипуновски кој ќе биде заменик во земјоделие беше на истата позиција и претходанта техничка Влада, а бил советник во тоа министерство, од 2015-та до 2017-та бил директор на Државниот земјоделски инспекторат, од 2008-ма до 2012-та бил и пратеник во Собранието. Пред седум години бил и дел од Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а во моментов е прв човек на партиската комисија за земјоделство.
Според Ристевски тие треба да спречат обид за поткуп земјоделците и партиски вработувања во предизборниот период.
-Пример еве сега е форма на еден куп вработувања во очи изборите, кој ќе го оптеретат нели буџетот, севкупното општество, севкупниот систем, а уште поактуелно, претпоставувам до утре ќе биде актуелно, тоа е можноста за разно разни префрлања кадровски, остстапувања, преземања на вработени, изјави Ристевски.
Инаку, ВМРО-ДПМНЕ ги предложија овие имиња во Владата, бидејќи тоа е нивна законска обврска, иако лидерот на опозицијата кажа дека веќе нема потреба од тој механизам. Од партијата соопштија и дека нема да гласаат за Влада предводена од Талат Џафери, бидејќи според нив, тој немал легитимитет за таа позиција.
Матеја Петровски
