Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Профил на претседателската кандидатка Билјана Ванковска – со поддршка од Левица од „втора мајка“ и успеа кандидатурата

Од втора, 10 години откако воопшто не успеа да собере ниту потписи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од втора, 10 години откако воопшто не успеа да собере ниту потписи, Билјана Ванковска сега со поддршка на Левица успеа да конечно да си ја оствари желбата, да влезе во трката да за вселување во Вила Водно. Во 2014-та даваше и инструкции како да се потпишуваат луѓе, но не успеа да ги собере потребните 10.000, се правдаше со бирократски проблеми.

  • Тргнав сама по тој пат, се соочив со многу нејаснотии, почнувајќи од нејасните процедури во врска со постапката за собирање на потписи, па дури се соочив со некои апсурдни ситуации, од онаа на пример дека ДИК кога ќе и поднесете барање дека ќе собирате потписи и таа ги отвора фајловите, ги отвора досиејата во сите подрачни одделенија. Меѓутоа, хартијата, листовите на кои вие треба да се потпишете за да дадете поддршка на еден кандидат, ги набавува самиот кандидат, рече Билјана Ванковска- кандидат за претседател од Левица.

Десет години подоцна успеа во мисијата барем да собере потписи. Со асистенција од Димитар Апасиев и Левица, за што беше спремена и партиска кампања.

  • Македонија е се што немаме, да ја имаме повторно. И за тоа ни треба народен претседател. Стоп за бинационалната држава која не дели, а не не зближува. И доста е со тиранијата на етничките разлики, рече Ванковска.

Пред да почне да собира потписи во 2014-та, таа жестоко ја критикуваше поранешната власт и влезе во дуел со поранешниот премиер околу реформите во високото образование кои меѓудрогото предвидуваа универзитетски професорите да бидат обрзани да пишуваат повеќе научни трудови.

Реклама

Потоа, иако ја прифати поканата, на крајот не отиде во законодавниот дом.

  • И потоа повторно не му влеговме, не затоа што немаме аргументи, туку затоа што нашиот став остана, не затоа што немаме аргументи, туку затоа што нашиот став остана ист, дали под еден кров, тој не е домаќин во Собранието, тој нема овластување, тој покажа, тој ви се разголи пред јавноста-рече Ванковска.

Ванковска ќе остане запаметена и по тоа што и пречеше што државата го пречекала Јохан Тарчуловски кога се врати по отслужувањето на пресудата во Хаг. Во гостување на Алсат, кај тогаш новинарот, подоцна генерален секретар на Владата, а сега осуден за криминал Мухамед Зекири, кажа дека ако би била на чело на државата не би го примила Тарчуловски во својата канцеларија.

  • Како професор ќе го земеме, го спомнавме за време на паузата случајот со Јохан Тарчуловски, да бевте претседател, би го примиле ли во канцеларија?) Никогаш, никогаш. Значи она што претседателот, затоа зборував за помирувањето. Една работа е што Владата ја напумпа таа еуфорија, создаде херој. И знаете тоа не е случај само со Тарчуловски-рече Ванковска.

За случајот со Тарчуловски говореше и пред медиуми од странство. Во 2013-та ја осудуваше македонската власт што го пречекала на Ал Џезеира.

  • Сега покажува дека целото ова време не дојде до катарза, не дојде до соочување со вистината, не дојде ниту до некакво каење поради убиените цивили. И она што мене најмногу ме запрепастува е тоа дека македонскиот дел од јавноста воопшто нема чувство дека оние загинати се исто така македонски граѓани- рече Ванковска – кандидат за претседател од Левица.

Ванвковска која во минатото гласно говореше против Преспанскиот договор, сега бара поддршка да влезе во Вила Водно, а ветува и излегување од НАТО. Смета дека ЕУ не е единствена и треба да се размислување за приближување кон БРИКС, а ветува и нов Устав на Македонија.

Покрај тоа, Ванковска често знае да се конфронтира со медиумите. Во неколку наврати таков беше случајот и со Алфа. Влезе во отворена конфронтација со неколку наши колеги. Ванковска е гласна и против Израел за конфликтот во Газа, а за руската инвазија смета дека вината е кај НАТО.