Реклама
Македонија

Проф. Јовевски: Одлуката на Уставниот суд за балансерот е правилна и очекувана

Одлуката на Уставниот суд за „замрзнување“ на балансерот е очекувана и правилна.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуката на Уставниот суд за „замрзнување“ на балансерот е очекувана и правилна. Мора да се почне со коренити промени ако сакаме да одиме напред, да се насочиме кон квалитет, а наместо вработување по етнички клуч, да се спроведува мерит-систем. Експертите се децидни дека балансерот е уникатна алатка која постои само и само во Македонија – таа е спротивна на голем број закони, акти, конвенции во рамки на Европската унија и нејзините институции.

Одлуката на Уставниот суд беше очекувано и ја примив позитивно. Сметам дека конечно Уставниот суд почнува да чекори по патеката на правото и правдата. Имаме времена мерка и ќе се разгледува уставноста. Времето на балансерот е поминато, целта поради која беше донесен како политичка одлука за да се постигне еден баланс и кохезија, веќе е исполнета. До толку повеќе што покрај практичната примена на оваа алатка, секогаш се отвораше прашањето за правната констелација. Сметам дека треба да дадеме време Уставниот суд да се произнесе, секако дека ќе има за што да размислуваат и да дебатираат. Ова е уникатна алатка, која постои само во Македонија и е спротивна на голем број акти кои се европски, кои се во рамки на ЕУ, на Совет на Европа, објаснува во интервју за Алфа телевизија, професорот на Правен факултет „Јустинијан Први“, при УКИМ, Лазар Јовевски.

Упатените очекуваат судиите да донесат вистинска и правилна одлука околу одредбите за правичната етничка застапеност во институциите – алатката балансер, бидејќи ова беше мерка од времен карактер. Според Јовевски, сега треба да покажеме дека сме зрело општество каде постои кохезија помеѓу различните етнички групи бидејќи дискриминацијата е надмината

Реклама

Да оставиме сега на Уставниот суд и на слободата на правничкото толкување и убедуваање, примената на Уставот и правото, меѓународните конвенции, да судиите донесат вистинска и правилна одлука.

Без разлика каков став ќе заземе Уставниот суд, практично алатката изгуби на значење. Тука е главната поента. Дали Уставниот суд смета дека таа е уставна или не, самата алатка има веќе изгубено смисла. Се исполни целта и смислата и заврши времето. Кога вакви афирмативни алатки за дискриминација се користат, тие секогаш се од времен карактер, додека ја постигнат целта, после се оди на ставот дека општеството е зрело, без да има потреба од законски интервенции за афирмација на нееднаквоста, бидејќи кохезијата се негува и постои во општеството, додава професор Јовевски.

По некулкучасовна дебата, Уставен суд вчера донесе одлука дека се запираат вработувањата врз основа на етничката припадност. Ова замрзнување ќе трае додека судиите не пресечат, дали балансерот е уставен.

Вработувањата по етнички клуч се плод на Охридскиот рамковен договор, и се спорни за повеќето уставни судии.

Предметот кој Уставен го оформи е на иницијатива на Антикорупциската комисија, со која се оспоруваат одредбите за правична етничка застапеност во институциите. Дебатата меѓу уставните судии беше тензична, бидејќи тројца од нив: Осман Кадриу, Фатмир Скендер и Насер Ајдари се против оспорувањето на етничките вработувања, со образложение дека тоа би можело да предизвика меѓуетнички тензии.