Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Проф. д-р Малиш-Саздовска: Има индиции што укажуваат дека пожарите може да се дело на организирана криминална група

Пожарите што се случуваат на депониите Дрисла и Вардариште, магацинот за електронски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарите што се случуваат на депониите Дрисла и Вардариште, магацинот за електронски отпад во Трубарево, а за кои има индиции дека се предизвикани од човечки фактор, се лоцирани на објекти од ист вид, односно дејност, и се случуваат во многу краток временски интервал, што може да укажува и на една посериозна криминална појава организирана од страна на организирана криминална група, смета проф. д-р Марина Малиш-Саздовска, експертка за еколошки криминалитет и меѓународна заштита на животната средина.

Во интервју за весникот Нова Македонија таа вели дека сè уште е рано да се дефинираат конкретни криминални поведенија, бидејќи предистрагата е во тек, но оваа појава може да има и одредени облици на еколошки тероризам. Имено, под еколошки тероризам, односно тероризам против животната средина, се подразбира уништување на животната средина со цел заплашување, принуда и сл.

„Сведоци сме дека има појава на страв и загриженост кај населението, особено за состојбата со загаденоста на воздухот, но и за загаденоста на почвата во делот на земјоделските површини. Доколку тоа се докаже во наредниот период, ќе биде потребно во рамките на криминалистичката истрага да се применат сите оперативно- тактички мерки и истражни дејства со цел утврдување на идентитетот на сторителот/сторителите и поднесување квалитетна кривична пријава,“ вели таа.