Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Прилози

Проектот за брз автобуски превоз – БРТ повторно се враќа во фокусот на градските власти

По период на застој, проектот Брз автобуски превоз – БРТ повторно е ставен во фокусот на градските власти како дел од планот за модернизација на сообраќајната инфраструктура и урбаната мобилност во Скопје. За реализација на проектот ќе бидат искористени средства во износ од 70 милиони евра обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По период на застој, проектот Брз автобуски превоз – БРТ повторно е ставен во фокусот на градските власти како дел од планот за модернизација на сообраќајната инфраструктура и урбаната мобилност во Скопје. За реализација на проектот ќе бидат искористени средства во износ од 70 милиони евра обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој. Според градоначалникот Орце Ѓорѓевски, станува збор за една од најзначајните инвестиции во последниот период. Во наредните три до четири години се предвидува и развој на велосипедска инфраструктура, проширување на пешачките зони и воведување алтернативни начини на движење низ градот.

 „Конечно го откочивме целиот процес и се подготвуваме за започнување на прелиминарната фаза. Овој проект ќе има значително влијание врз мобилноста во Скопје“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје.

Проектот БРТ, најавен уште во 2019 година е замислен по принцип на метро, со посебни ленти за движење и приоритет на раскрсници, кој нема да поминува низ средишното зеленило. Наместо тоа, ќе се движи по крајните сообраќајни ленти, а ќе биде засадено и ново зеленило како бариера помеѓу БРТ и останатиот сообраќај. Паралелно со овие активности, во тек е и постапката за набавка на 100 нови еколошки автобуси. Се очекува новиот систем да обезбеди побрз и посигурен јавен превоз, со цел да се намалат сообраќајните метежи, времето на патување, како и загадувањето на воздухот.