Реклама

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Економија

Проектот BRT ќе се имплементира, но со одредени исправки, имплементацијата би почнала кон средина на следната година

Кон средината на следната година се очекува во Скопје да почне имплементацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кон средината на следната година се очекува во Скопје да почне имплементацијата на проектот BRT (bus rapid transit). Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека проектот ќе се имплеменира, но со одредени исправки во проектот бидејќи недостига трасата од поврзување со Драчево и Радишани. 

Веќе вчера имав состанок со претставници од ЕБОР и ќе треба да се потпишат договорите помеѓу Градот Скопје, Министерството за транспорт и Министерството за финансии и да влеземе во фаза на реализација. Тоа нема да биде постапка од денес за утре, но дефакто ќе влеземе во реализација. Сметам дека некаде во втората половина од следната година би биле подготвени да влеземе со изведба на проектот. Првата фаза е 44 милиони евра и 22 милиони евра се за втората фаза. Првата фаза предвидува обезбедување на трасата, стојалиштата, но и 35 автобуси така што се надевам дека до средина на следната година ќе почнеме со импелментација. Има сериозни подготовки што треба да следат. Треба мостото „Обединети нации“ да се заштити во целиот процес којшто не е предвиден во овој дел од финансирањето од ЕБОр така што имаме доста работа но почнавме да се екипираме и верувам дека во од ќе ги решаваме сите предизвици кои ќе произлезат, рече Ѓорѓиевски вечерва за време на гостувањето во една од националните телевизии.

Проектот го промовираше администрацијата на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, со официјално соопштение на ЕБОР во април 2021 година. 

Реклама

За новогодишното украсување на Скопје, градоначалникот соопшти дека се предвидени 70 милиони евра кои утре треба да бидат изгласани со ребалансот на Буџетот од страна на Советот на град Скопје. На новогодишната ноќ, граѓаните ќе ги забавуваат македонски музички ѕвезди. Ѓорѓиевски рече дека и тој со семејството годинава Новата Година ќе ја дочека на плоштадот во Скопје.