Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Продолжува судењето за Вања и Панче: Видевски е вратен назад во затворот „Скопје“

По девет дена на скопските клиники, Боре Видевски, обвинет како помагач на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По девет дена на скопските клиники, Боре Видевски, обвинет како помагач на Палчо во двојното убиство е вратен во ќелија во Истражниот затвор Скопје. Ќе прима терапија со оглед на тоа дека има проблем со бубрезите, но сепак е во добра зравствена кондиција за да присуствува на рочиштата вели директорот Бобан Утковски. Состојбата му се влошила на крајот на минатиот месец и лекарите од Шутка веднаш го препратиле до Градската болница „8-ми септември“ а од таму и до скопските клиники. 

  • „Со интер-клинички упат не упатија во КЦ „Мајка Тереза“ на Нефролигја, каде што истоимениот беше задржан и хоспитализиран до 07.10. Во тој периодот му беа извршени сите можни испитувања “ вели Бобан Утковски – Директор на Истражен затвор „Скопје“ – Шутка.

Посебни насоки за исхраната и сместувањето немало од лекарите, но директорот Утковски вели условите во кои престојуваат осомничените се пристојни. 

  • „Во однос на сместувачкиот капацитет и храната не добивме никакви препораки од болницата. Единствено што по протокол му имаат препишано терапија за да ја оддржува здравствената кондиција на добро ниво“ вели Бобан Утковски – Директор на Истражен затвор „Скопје“ – Шутка.

Освен Боре Видевски во притворското одделение во Шутка се сместени и првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо кој според обвинителството е главниот креатор и реализатор на двојното убиство, а таму се и другите двајца негови помагачи Велибор Манев и Влатко Кешишов. Според Утковски и тие се во добра здравствена состојба, за следното рочиште на кое треба да се појави мајката на Вања како сведок е на 14-ти октомври односно в понеделник. Во затворот ги посетуваат поблиските членови во семејството и бранителите со кои ја спремаат одбраната.

Реклама
  • „Кога ќе добијат согласност од судот, тие делегираат кој ќе дојде, од најблиската фамилија а и адвокатите непречено од наша страна ги извршуваат разговорите и ја спремаат одбраната“ вели Бобан Утковски – Директор на Истражен затвор „Скопје“ – Шутка.

Двете рочишта на 7 и  9 – ти октомври судот ги одложи токму поради здравствената состојба на Видевски, а в понеделник освен мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска треба да сведочат и Ана Киркова и Тодор Кирков.

Судењето на убистата на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и пензионерот Панче Жежовски од Велес почна на 20-ти септември, откако скопскиот Кривичен суд ги спои двете обвиненија во еден предмет. Тогаш обвинителството и мајката на Вања бараа јавноста да биде исклучена од цело судење, но судот не го прифати тоа. Сите обвинети негира вина, а Палчо целото судење го нарече политички монтиран случај.

Според Обвинителствство, обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22.11.2023 заеднички го грабнале  и го убиле 74-годишниот Панче Жежовски во Велес, за да му го земат автомобилот цитроен, со кој на 27.11.2023 година ја грабнале Вања од нејзината зграда. Ја однеле во атарот на селото Бразда и со пиштол со калибар од 9 милиметри преку перниче кое го нашол на местото на убиството обвинетиот Љупчо Палевски Палчо пукал во главата на Вања Ѓорчевска.