Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Продолжува судењето за „Адитив“ за злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра

Судењето за предметот „Адитив“ за злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судењето за предметот „Адитив“ за злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра, продолжува денеска во судницата на КПУ Идризово.

Судењето, првично, требаше да продолжи на 21 август, но беше одложено за денеска. Причина за одложувањето, како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, беше одобрувањето на обвинителниот акт против Б.Н., како продолжение на истрагата, како и предлогот за спојување на обвиненијата.

– Со оглед да обвинителниот акт со КОК ООА 47/25, кој претставува продолжение на истрагата за конкретниот предмет, беше одобрен и доставен до судечкиот совет во текот на денешниот ден, како што и информиравме во претходното соопштение, а со кој предлог обвинителството воедно има доставено и предлог за спојување на двете постапки, заради економичност и ефикасност на постапката, а како и не би се направиле непотребни трошоци за спровод на дел од обвинетите, потребно е време советот да се запознае со списите од предметот, како и произнесувањето на одбраната во однос на истото, и да одлучи по предлогот за спојување, соопши Основниот кривичен суд Скопје.

Реклама

Истрагата за „Адитив“ опфаќа над 30 лица, меѓу кои и поранешни директори и функционери, а обвиненијата вклучуваат злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, перење пари и оддавање службена тајна.