Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Продолжува надзорната расправа за спроведувањето на законите и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите денеска треба да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите денеска треба да го одржи првото продолжение на надзорна расправа на тема „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“.

Како што најавуваат од собраниската прес-служба, на надзорната расправа ќе се обратат Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Ненад Савески, републички јавен обвинител, Даниела Димовска од Основен суд Скопје 1, Бесник Авдија од Основен суд Скопје 2, Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и Тона Карева Талеска од Хелсиншки комитет. 

Надзорна расправа  почна на 23 април, на која се обратија Азир Алиу, министер за здравство, Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади, Жаклина Пешевска, претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Елена Ивановска, државна секретарка во Министерството за образование и наука, Никола Прокопенко, државен советник во Министерството за правда, Душанка Петрова, директорка на ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје, Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Ана Аврамовска-Нушкова, Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и други лица од надлежни институции.