Нова германско – белгиска инвестиција која ќе отвори над сто работни места. Станува збор за производствен погон кој ќе биде лоциран во Општина Петровец за производство на елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија.
Германската компанија „ Епсотех“ во партнерство со белгиската „ АИМ“ ќе стартува со изградба на објектот во август. Инвестицијата која е втора по ред што ја објавува Владата во втората недела од мандатот, е вредна 20 милиони евра .
-За нас е чест и задоволство што по нецели две недели и посакуваме добредојде на уште една инвестиција. За почеток ќе има нови 110 работни места, развој на истражувачки центар, нешто што досега недостасува или многу малку го има. Но, тука не застанува оваа инвестиција, туку ќе продолжи да се зголемува и бројот на вработени и извозот и самата инвестиција која очекуваме да биде најмалку двојно зголемена. Компанијата е лидер на пазарот во Германија и таму е присутна со 25 отсто што е значајна препорака за нас зашто очекуваме голем дел од компаниите кои иневститорот ги снабдува со своите производи, да го следат неговиот пример и да дојдат тука, да инвестираат. Нашата цел е со дела да ја сакаме Македонија – порача Мицкоски.

-„Eпсотех“ со шест децениското искуство носи многу нови вештини. Новите работни места ќе бидат претежно во машинската и инженерската гранка Подружницата во Скопје ќе биде седма во Европа . Компанијата е лидер на пазарот во Германија со удел од дури 25 отсто и е позната по тоа што работи по еколошки стандарди.
Најавата за германско – белгиската инвестиција доаѓа по објавената инвестиција во енергетиката, односно изградбата на ветропарк во источниот дел од земјава во вредност од 450 милиони евра која ќе обезбеди струја за 100 илјади домаќинства.
