Реклама

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Македонија

Продолжува хаосот во ЈСП-Повторно се запали автобус при движење

Не запира хаосот во јавното сoобраќајно претпријатие. Повторно се запали автобус кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не запира хаосот во јавното сoобраќајно претпријатие. Повторно се запали автобус кој сообраќал по рутата кон Злокуќани, за среќа нема повредени во инцидентот. Интервенирала и противпожарна единица, а причините за несреќата допрва треба да се утврдуваат.

По денешниот инцидент со соопштение излегоа и од Град Скопје од каде ја обвинуваат владеачката ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски за настанатиот хаос во ЈСП. Според нив блокадата во советот била главна причина за лошата состојба.

“Единствен виновник за континуираната криза во ЈСП е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, чии советници на чело со Трајко Славевски се власт во Советот 3 години и веќе 24 седници по ред не гласаат за замена на дотрајаните автобуси со нови, ниту за решавање на хаосот што сами свесно го предизвикуваат во јавниот превоз” стои во соопштението на ЈСП.

Реклама

Но реалноста е далеку поинаква. Само во последните две години ЈСП има добиено субвенции во висина од околу 23 милиони евра со поддршка на советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Со средствата се најавуваше решавање на  проблемите, автобусите редовно да сообраќаат, вработените навремено да добиваат плата, што впрочем беше и ветено од Град Скопје. Но за жал сликата остана непроменета. Вработените во неколку наврати штрајкуваа поради доцнење на плати, автобусите се во гаражите поради недостиг на гориво, а тие кои сообраќаат се технички неисправни па завршуваат во провалија како во Раштак, во жардињери како тој кај „Мавровка“, или се палат при движење како денес во Злокуќани, а пред извесно време и во Бутел.

На постојките владее нервоза, граѓаните сметаат дека повторно се измамени, Град Скопје им најави редовни линии, но, три дена подоцна, повторно се принудени да чекаат со часови да стигнат до посакуваната дестинација. За петок најавија мирни протести пред град Скопје. 

“Нема редовни линии, слабо, нема” кажа граѓанин

“Чекам еден саат веќе 22-ка, никаде ја нема” нервозно одговори граѓанка

“Лошо е многу, 15 за Лисиче никаде ја нема, стари се автобусите, каснат” констатираше граѓанка

Во меѓу време, директорот на ЈСП Драги Кушовски неколку денови не одговара на телефонските повици, одговор нема ниту од одделот за односи со јавност при ЈСП.  Останува неодговорено до кога скопјани ќе се возат во небезбедни автобуси кои или се технички неисправни или завршуваат во провалии.

Даниел Ѓорѓевски