Реклама

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Прилози

Продолжува борбата за живот на повредените

Се уште е неизвесна здравствена состојба на повредените во најголемата трагедија што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се уште е неизвесна здравствена состојба на повредените во најголемата трагедија што и се случи на Македонија каде во пожар загинаа 59 луѓе. За среќа во стабилна состојба се повредените кои останаа на скопските клиники, но најкритичните се лекуваат во соседните земји Грција и Бугарија. Министерот за здравство Арбер Таравари информираше дека уште 26 настрадани заминуваат на лекување во Словенија, Хрватска, Австрија и Србија. Вчера во болници во странство заминаа околу 20 повредени.

Повредените кои се лекуваа на клиниките во Штип и Кочани се пренесени во Скопје. На клиниката Мајка тереза се сместени 49-мина, во ГОБ 8-ми септември 18, а во стара градска болница 17 пациенти. Министерот Таравари ќе замине за Софија и Солун каде се лекуваат најкритичните пациенти.

Најкритичните пациенти почнаа уште од вчера да се транспортираат на лекување во странство. За жал, информициите оттаму говорат дека состојбата на повредените се уште е неизвесна. Од пациентите што се на лекување во странство, 9 се во Турција (3 во Истанбул, 6 во Анкара), 14 во Бугарија, 5 во Грција, 17 во Србија, 2 во Унгарија, 4-рица во Литванија. Се очекува за Белград да заминат уште 12 пациенти.

Реклама

Состојбата на 14-те пациенти хоспитализирани во болници во Бугарија останува неизвесна, а петмина од нив се интубирани, соопшти бугарското Министерство за здравство. Повредените се со изгореници и оштетувања од вдишување жешки гасови. Во болницата „Пирогов“ во Софија примени се осум пациенти, меѓу кои тројца малолетници. Петмина од нив се на механичка вентилација.

Во Варна, во Воено-медицинската академија, се лекуваат тројца пациенти на возраст од 15, 17 и 20 години, од кои двајца се на респиратор.

И во Србија докторите се борат за животот на повредените. Дванаесет млади луѓе на возраст од 18 до 27 години, беа итно префрлени во Белград со воен авион на Србија. Меѓу најтешко повредените е 18-годишна девојка, која е со изгореници на 24 проценти од нејзината кожа. Дополнително, двајца пациенти се транспортирани од Скопје во Воената болница во Ниш и Клиничкиот центар во Ниш за понатамошно лекување.

На помош на македонските лекари пристигнаа 15 специјалисти од Србија и Чешка, а се очекува, во лекувањето на повредените да пристигнат доктори и од Израел.

Министерот Таравари и директорот на Фондот за здравство ги повикаа сите оние кои биле во дискотеката и не се повредени сепак да се јават на лекар поради можни вдишувачки изгореници.

Паула Костадиноска