Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, Обвинителството презентира докази од видео материјали

Со изведување на видео материјали од безбедносни камери, предложени како докази од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изведување на видео материјали од безбедносни камери, предложени како докази од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

На видео записи обезбедени од безбедносните камери на Хотел Парк, се гледа како возилата Цитроен и Рено Кангу влегуваат во Дебар Маало, на улицата Наум Наумовски Борче, од каде е извршено грабнувањето на девојчето на 27 ноември 2023 година.

Јавната обвинителка Ана Стојковиќ Димитровска, презентирајќи ги доказите посочи дека на видео материјалите се гледа како во 6:37 во реално време Цитроенот минува на улицата пред хотелот, подзастанува и продолжува кон зградата на Вања.

Реклама

Пред изведување на видео запис од камера на козметичко студио Интеа форма, на улица Наум Наумовски Борче во непосредна близина на зградата од каде е грабнато девојчето, Обвинителката, нагласи дека станува збор за доказ, што повеќе сведоци во постапката кажале дека го испраќа обвинетиот Александар Ѓорчевски на началникот Дејан Димовски, а со наводи дека нешто му е чудно.

„Во реално време 7:29 се гледа како поминува возилото Цитроен. Ова е всушност времето кога е извршено грабнувањето. Би сакала да ја погледнеме снимката една минута пед да помине Цитроенот со цел да се утврди колку возила поминуваат на улицата во тоа време од денот. Понови, постари и без да чадат… во време од само една минута може да се забележи дека минуваат десетина возила пред да помине Цитроенот. Од она што обвинителството го анализираше во време од 4 минути пред да помине Цитроенот минуваат 26 возила, додека откако ќе помине на снимката се гледа како на секои 30 секунди минува возило“, изјави обвинителката.

На видео од менувачница на улицата Наум Наумовски Борче, се гледа како возилото Цитроен во 7:30 се движи кон Партизанска.

Судијата го предупреди Палевски да не коментира и го нарушува редот во судницата, во спротивно ќе биде казнет.

Првообвинетиот за случајот, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на минатото рочиште, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје во случајот поради несоодветно спроведена истрага.

Судијата Ивица Стефановски, кој го води случајот на почетокот на денешното рочиште рече дека решението е писмено доставено до Палевски, по што се продолжи со изведување на доказите.

Палевски, изнесувајќи го предлогот, пред судот рече дека, прашања на кои обвинителка мора да одговори, се каде е пиштолот сопственост на еден од обвинетите, зошто 421 ден ЈО не го расчистија овој факт и зошто чаурата не ја приложила како доказ.

Неколку членови на политичката партија Десна, пред почетокот на денешното рочиште пред Судот протестираа со транспаренти „ОЈО произведува монструми, не ПП Десна”.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.