Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Продолжениот викенд донесе метеж на граничните премини кон Грција и Србија

Продолжениот викенд и денеска донесе метеж на граничните премини кон Србија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжениот викенд и денеска донесе метеж на граничните премини кон Србија и Грција. На преминот Табановце утринава за влез и излез од земјава се чекаше околу 30 минути, а на преминот Богородица за излез од државата колони возила чекаа од 40 минути до еден час, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Ова е втор ден по ред како патниците се соочуваат со поголеми задржувања, особено на излез кон Грција.

На останатите гранични премини нема подолги чекања, велат од АМСМ. Зголемена фреквенција на возила се бележи и на патиштата низ земјата, што се должи на летните одмори и дополнителниот слободен ден од продолжениот викенд.