Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Продолжена рака на Заев: Филипче во СДСМ влегува со тежок багаж и низа скандали зад себе

Во обид да го изгаси пожарот во СДСМ и да ги смири…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во обид да го изгаси пожарот во СДСМ и да ги смири тензиите и внатрепартиските поделби по неговиот избор за нов лидер, Венко Филипче ќе ја раководи партијата со В.Д. раководство на сите нивоа до следниот конгрес, кој би требало да се одржи во октомври. Дури после тоа СДСМ ќе добие ново раководни тела, како на централно, така и на локално ниво.

Според познавачите негативните реакции за изборот на Филипче се и повеќе од очекувани, бидејќи тој беше избран со помалку од 10.000 гласови, па и се поставува прашањето колку тој има легитимитет да раководи со партијата. Покрај тоа има и тежок багаж зад себе, со низа скандали додека беше министер за здравство, кои кулминираа со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде загинаа 14 луѓе.

Политичкиот аналитичар Александар Ристевски за Алфа вели ова покажува дека во СДСМ се свесни дека партијата не може да оди напред и дека можеби едноставно немаат ни надежи дека во блиска иднина би можеле да дојдат до победа на некои избори, но и покажува дека Заев воопшто и не заминал од партијата, иако пред три години поднесе оставка од лидерската позиција.

Реклама

-Тоа веќе одамна не е политички субјект, политичка партија, него е приватна фирма. И за очекување беше во еден период после оставката на Заев дека тој во континуитет ќе се обидува да стави кадар кој ќе биде близок или послушен до него. И кога се веруваше дека можеби ќе ги препушти конците на партијата по целосниот крах на парламентарните избори одеднаш чудно после две три години воскресна неговиот најдобар другар Венко Филипче, човекот кој можеби е олицетворение на ова владеење на СДСМ, изјави Ристевски.

По осми мај во опозиција замина и коалицискиот партнер на СДСМ. Тие доколку не се бројат пратениците на коалиционите партнери, останаа со само 10 пратеници во Собранието. Таму главната реторика во моментов е дали новата владејачка структура од албанскиот блок била легитимна, а не зошто заминаа во опозиција.

-ДУИ во основа е олицетворение на Али Ахмети и додека е Али Ахмети таму, ДУИ ќе постои барем во оваа форма, после тоа не верувам, затоа што кај нив да кажеме регионалната моќ е многу посилна и Али Ахмети е единственото врзивно ткиво која таа партија ја држи да биде компактна. Самиот политички субјект ДУИ има потреба да одредено време, за разлика од минатиот пат кога тоа беа само нецели две години, помалку или повеќе, му треба малку подолго време да остане во опозиција, изјави Ристевски.

Покрај модуларната болница во Тетово, Филипче останува запаметен и по сомнителни тендери и сомнежи за корупција во екот на пандемијата од Ковид 19, кога Македонија беше меѓу државите со највисока смртност. Во неговиот мандат ќе се памети и случајот со родилката од Струга, Јилдиз Веаповска, која по породувањето од болница си замина без матка, јајник и бубрег.

Матеја Петровски