Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Продолжен притворот за нови 48 часа на сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје, донесе одлука со која се продолжува притворот за нови 48 часа за сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево, информираат од Кривичен суд Скопје. 

Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, во врска со пожарот во Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица за кои од судија на претходна постапка во неделата на 13 септември побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.  

– Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица, се вели во соопштението. 

Реклама

Четворицата се осомничени за кривичното дело од чл. 230 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ, односно Загрозување на животната средина и природата со отпад.

Обвинителство вчера информираше дека денеска треба да почне увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево и дека увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. 

По наредба на јавниот обвинител, како што беше информирано, екипи на СВР Скопје и вчера излегле на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување на животна средина со отпад. – Во континуитет се преземаат повеќе дејствија на обезбедување и анализа на документација, информира Обвинителство. 

Пожарот избувна во саботата на 13 септември околу 14 часот во складиште за рециклирање отпад во Трубарево.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, вчера попладне информираше дека пожарот е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја.