Реклама

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Крај за „замижувањето“ на граници – телесни камери ги следат цариниците, патниците и превозниците

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Македонија

Продлабочување на ЕУ дијалогот, Муртезани пред ирскиот комитет за европски прашања

Во рамки на работната посета на Даблин, министерот за европски прашања, Орхан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на работната посета на Даблин, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, оствари средба со членовите на Заедничкиот комитет на двата дома на ирскиот парламент за прашања поврзани со Европската Унија , кој е еден од најангажираните парламентарни форуми во Ирска кога станува збор за следење и обликување на европските политики.

На средбата присуствуваа заменик-претседателот на Комитетот, сенаторот Ајдан Давит, претседателот на Комитетот за надворешни работи и член на Комитетот за прашања на ЕУ, Џон Лахарт, како и пратеничката Пола Батерли и сенаторката Фиона О’Лафлин, исто така членки на Комитетот.

Преку отворена и динамична дискусија со ирските парламентарци, министерот Муртезани информираше за прашања поврзани со тековната имплементација на Реформската агенда 2024-2027 на Македонија и активностите поврзани со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, презентирајќи ги воедно и заклучоците од Самитот кој пред двa дена се одржа во Скопје, токму на таа тема. Министерот и парламентарците разговараа и за динамиката на реализација на обврските поврзани со Планот за раст, со цел унапредување на економското усогласување и институционалната подготвеност на земјата.

Реклама

Тој нагласи дека Македонија е активно вклучена во регионалните процеси, постигнувајќи конкретни резултати во исполнување на условите за ослободување на средствата и дека веќе е дел од европскиот механизам за владеење на правото. Исто така, Муртезани ги информираше пратениците за тековниот напредок на Македонија во рамки на евроинтегативниот процес, во делот на исполнувањето на одредниците од Кластерот 1, Фундаментални вредности. Тој посочи дека Владата е целосно посветена на продлабочување на реформите во владеењето на правото, ефикасноста на јавната администрација и зајакнувањето на демократските институции, во тесна соработка со Европската комисија.

МЕП Муртезани имаше конструктивна размена на мислења со членовите на Комитетот на теми поврзани со економската интеграција на Македонија, отпорноста на институциите и подготовката на земјите-кандидатки за членство. Посебен интерес беше изразен за механизмите преку кои Македонија ја унапредува транспарентноста, владеењето на правото и ефективната употреба на ИПА фондовите. Од двете страни беше споделена подготвеност за продлабочување на парламентарната соработка, вклучително и преку поактивно функционирање на Пратеничките групи за пријателство и меѓусебни посети на парламентарни делегации.

Министерот се заблагодари до членовите на Комитетот, којшто континуирано ја афирмира својата поддршка за политиката на проширување на Европската Унија, вклучително и за европската перспектива на Македонија и останатите земји од Западен Балкан и споделија заедничко гледиште дека интеграцијата на регионот е прашање од стратешко и безбедносно значење за Унијата. На средбата, едногласно беше оценето дека е потребна потесна заемна соработка меѓу двете земји, како и креирање на политичка динамика што ќе обезбеди предвидлив и заслужен напредок на земјата, особено во контекст на претстојното ирско претседавање со Советот на ЕУ.