Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Проданоски: Изградба на два големи паркови и уредување на кејот на Градска река, за зелен и урбан Прилеп

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Прилеп, Дејан Проданоски, на денешниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Прилеп, Дејан Проданоски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоган Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека се случуваат историски инфраструктурни промени за целосно поврзување на Прилеп со современи сообраќајници, со што општината се враќа на мапата како крстосница и центар на развојот.

„Со силната поддршка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, веќе се случуваат историски инфраструктурни промени. Модерниот пат од Градско до Фариш е завршен. Во тек е изградбата на автопатот кон Битола, проект чекан со години. Нашиот следен чекор е изградба на нов, современ пат од Фариш до самиот влез на Прилеп. За првпат во историјата, нашиот град ќе биде целосно поврзан со современи сообраќајници и кон главниот град и кон нашиот најголем конзулски град.“, вели Проданоски.

Проданоски ги истакна клучните столбови на кои ќе се темели идниот развој, за урбана обнова на градот, силна економија и нови работни места, квалитетен живот за сите генерации и модерна општина со електронски услуги за граѓаните на општина Прилеп.

Реклама

„Прво, темелна урбана и еколошка обнова на градот. Конечно ќе го решиме деценискиот проблем со Градската Река. Ќе го уредиме коритото по целата должина од 4,5 километри, ќе изградиме кејски ѕидови, пешачки и велосипедски патеки, ќе поставиме клупи и осветлување. Прилеп ќе биде зелен град. Ќе изградиме два нови, големи паркови – еден во населбата „Градина“ на површина од 14.000 м² и еден кај Волково, кој на 30.000 м² ќе прерасне во излетнички центар за целото семејство. Второ, силна економија и нови работни места, комплетно инфраструктурно ќе ги уредиме индустриските зони „Прилеп 4“ и „Прилеп 5“.  Трето, квалитетен живот за сите генерации, ќе изградиме нова, модерна детска градинка во населбата „Рид“. Следува комплетна реконструкција на Центарот за култура „Марко Цепенков“ и на нашиот театар „Војдан Чернодрински“. Ќе ја реконструираме спортската сала „Македонија“ и ќе работиме на изградба на нов, мултифункционален спортски центар, Четврто, модерна, ефикасна и безбедна општина, ќе воведеме целосни електронски услуги за граѓаните“, рече Проданоски.