Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

🎥 Пробно тестирање на „Сејф сити“: регистрирани се од 5.000 до 11.000 прекршоци на дневна основа

Ако од утре, хипотетички почне да работи системот „Сејф сити“, МВР би…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако од утре, хипотетички почне да работи системот „Сејф сити“, МВР би требало да казнува од 5 до 11 илјади возачи дневно, кои направиле сообраќајни прекршoци. Оваа фрапантна бројка е добиена од тестирањето на безбедносните камери низ Скопје и системот за казнување. Главно прекршоците се за брзо возење, поминување на црвено и неправилно паркирање. Од МВР апелираат – бројките се алармантни, а граѓаните мора да ја променат навиката за возење.

„Во рамки на пробните тестирања на системот, на 31.07.2025 констатирани се 9900 санкции за возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што има и возила кои се движат и со повеќе од 200 км на час. На истиот ден констатирани се и 80 прекршоци за минување на црвено светло“, изјави Гоце Андреески, портпарол на МВР.

Во моментов со актуелниот начин на контрола на сообраќајниците полицијата успева да евидентира по околу 500 казни на ден. Но, сообраќајниот хаос не се случува само на улица – и тротоарите се претворени во слепа зона. Секојдневно се кршат правилата од велосипедисти и возрасни и деца на електрични тротинети. Со измените на законот, од наредната година казни ќе има за сите пешаци, велосипедисти, мотоциклисти или возачи на тротинет, кои ќе користат електронски уреди како слушалки, мобилен телефон или смарт часовник. Дозволено ќе биде да се носи само една слушалка на уво. Казните за прекршоци се предлага да бидат за пешаците 40 евра, а за возачите 50 евра.

Реклама

„Кога ќе биде сторен сообраќаен прекршок документиран со технички средства и уреди за снимање, односно известувањето на граѓаните за сторениот прекршок ќе биде по електронски пат со доставување на линк за преземање на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог и фото запис со кој е документиран прекршокот, како и укажување во однос на начинот на доставата и последиците од неотворање на линкот“, изјави Гоце Андреески, портпарол на МВР.

Македонија и натаму е на врвот по број на жртви во сообраќајот – со 65 загинати на еден милион жители, далеку над европскиот просек. Очекувањата се дека по автоматизацијата, казнувањето ќе се намали за 90 проценти. Казни затвор за потешките прекршоци нема, зашто се уште не е сменет законот за прекршоци.