Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Проблемите надминати, платата исплатена: МЖ Транспорт продолжува непречено да работи

Железничкиот сообраќај во државава од попладнево се нормализира целосно откако по делумниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Железничкиот сообраќај во државава од попладнево се нормализира целосно откако по делумниот бојкот во кој стапи вчера дел од машинскиот и извршен персонал денеска е заокружена исплатата на ноемвриската плата и се работи на реализирање на останатите барања. 

– На средба со државниот секретар во Министерството за транспорт Стефан Волкановски во врска со делумниот бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт отворено е разговарао за проблемот и е надминат.  Исплатен е вториот дел од платата за месец ноември 2025 година и се работи активно на реализирања на останатите барања на Синдикатот.  МЖ Транспорт продолжува со непречена тековна работа и останува во тесна координација со државните институции за надминување на предизвиците со кои се соочува претпријатието, информираат од Министерството за транспорт. 

Првите возови што ќе стартуваат попладне по прекинот на делумниот бојкот  се на релациите Скопје – Гвегелија во 16:55 часот и Скопје – Куманово во 16:57 минути. 

Реклама

Во тек на бојкотот што почна вчера во 04.47 часот сообраќаа поголемиот дел од товарните возови. 

Првиот дел од плататата за ноември е исплатен на 18-ти минатиот месец, а со денешната исплата се заокружува ноемвриската плата, додека продолжува координацијата за  реализација на барањата на синдикатот за  исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа.