Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Привршува бербата на грозјето во Тиквешијата – досега се откупени над две третини од очекуваниот род

Бербата на грозјето, чиј род годинава се очекува да тежи околу 100…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бербата на грозјето, чиј род годинава се очекува да тежи околу 100 милиони килограми, влегува во својот финиш. Досега се откупени над 78 милиони килограми од неколку лиценцирани откупувачи. Меѓутоа, и покрај ваквата динамика на откупната кампања, годинашниот гроздобер останува да биде мегдан за политички препукувања помеѓу опозицијата и власта, како веќе видена претстава од предизборниот фолклор.

„Лозарите се оставени на цедило, а грозјето им скапува на нивите. Најавеното решение за проблемот со откупот се претвора во нова агонија. Денес гледаме забавена динамика на откупот, празни ветувања и повторување на старите сценарија. Дали се подготвува нова измама на лозарите, како онаа од 2016 година, кога партиски блиските визби добија пари, а лозарите останаа со неплатено грозје?!“, – обвинуваат од опозициската СДСМ од Кавадарци.


За ВМРО-ДПМНЕ пак, ваквите обвинувања се само беден манупулативен крик на очајни луѓе, бидејќи откупот на грозјето се одвивал со нормален тек, но СДСМ не сакала да признае дека оваа Влада, е посветена на земјоделците и на работењето за нив.

Реклама

„Поради посветеноста на ресорното Министерство, лозарите оваа година имаа вода за наводнување со што се придонесе за зголемување на приносите. Оваа година има над 100 милиони кг винско грозје. Лозарите многу добро ја паметат „загриженоста“ на СДС и тој период кога поради ниските откупни цени останаа необрани милиони килограми винско грозје. Манипулациите на СДС не поминуваат, нека гледаат како се работи и како се креираат мерки во корист на земјоделците“ – возвраќаат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци.


И министерот Трипуновски останува на ставот дека годинава има одлична откупна капмања и дека ни едно зрно од произведеното грозје нема да остане неоткупено. Годинава, грозје веќе откупуваат четири лоценцирани винарии, а дополнително се вклучува и уште една.


„Она што сакам да го упатам е дека лозарите не треба да бидат загрижени. Ние интензивно изминативе денови го следиме откупот и динамиката на откупот на винското грозје. Одредената количина за која меѓу лозарите се стравува дека нема да се откупи – не е точна. Од утре веќе влегува во откуп уште една Винарска визба, тоа е „Вардар винарија“, која што овдека во Кавадарци ќе ги отвори своите порти и ќе ја собере дополнително онаа количина која што ќе се појави за откуп“, – истакна Цветан Трипуновски.


Инаку, годинава е постигната рекордна откупна цена за двете најзастапени вински сорти на грозје, или 21,3 денари за килограм „вранец“, и 18,9 денари за килограм „смедеревка“.