Реклама
Македонија

Привремен прекин на сообраќајот на дел од улицата „Димитар Влахов“ во Кочани

Поради интервенции на водоводната мрежа воведен е привремен прекин на сообраќајот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради интервенции на водоводната мрежа воведен е привремен прекин на сообраќајот на дел од улицата „Димитар Влахов“ во Кочани. Затворен е потегот од кракот на улицата „Маршал Тито“ кај Катастарот, сè до кружниот тек во Стришани.

Екипи на КЈП „Водовод“ работат на отстранување на дефектот и обезбедување непречен проток на сообраќајот.

Надлежните служби апелираат за зголемено внимание и почитување на сообраќајната сигнализација од страна на сите учесници во сообраќајот.