Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Приватните автобуси „креваат рачна“- Од понеделник нема да возат ако не им се одговори на нивните барања

Покачување на цените за изминат километар најдоцна до недела, или целосна блокада…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покачување на цените за изминат километар најдоцна до недела, или целосна блокада од понеделник, најавија денеска приватните автобуски превозници. За барањето кое е доставено до Град Скопје велат дека е реално и во согласност со потрошувачките кои ги имаат и оти тоа е нужно за одржување на нивните бизниси.

„Да упатиме еден апел до советниците и претседател на совет да свика вонредна седница и да се стават прашањата што ги имаме ние да се реши проблемот во јавниот превоз. Тоа се покачување на цената, по изминат километар што е, плаќањето да биде преку градот, да не биде преку ЈСП, за да не се најдеме повторно во ваква иста ситуација и да се изгласаат новите возни редови, каде што е оптимизиран возниот ред“, рече Влатко Тодоровски, приватен превозник

Покрај проблемот со цената за изминат километар, превозниците се пожалија дека надлежните, ЈСП и град Скопје, имаат и долг од околу 30 милиони денари, и оти тоа претставува сериозен проблем што им ја отежнува работата, а исплаќањето на платите на возачите, сервисирањето на автобусите и останатите трошоци од ден во ден се се поголеми.    

Реклама

„Единствено си ги бараме нашите права. Политика нас не не интересира, не интересираат нашите права, друго ништо. Официјално доспеан долг е околу осум милиони, меѓутоа имаме неверификувани извештаи, доколку би се верификувале, долгот само кон „Пакет 1“ ќе достигне околу 30 милиони“, рече Јовица Зафировски, приватен превозник.

А на постојките повторно тензично, граѓаните одново се соочуваат со потешкоти да стигнат до посакуваната дестинација, стравуваат дека ЈСП одново вози редуцирано и оти штеди гориво, но се надеваат дека нема да се повтори сликата од пред неколку денови.  

Инаку, хаосот што целосно го колабираше Јавното Сообраќајно Претпријатие за извесен период го решија државните 250 тони гориво, што се доволни за околу 10 денови. До каде е набавката на нови резерви Од Град Скопје не прецизираат, а одговор нема ниту од ЈСП од каде подолго време не одговараат на прашањата и повиците на Алфа. Од владата пак најавија дека повторно ќе излезат во пресрет на граѓаните и доколку има потреба повторно би ги ставиле на услуга државните ресурси.

Даниел Ѓорѓевски