Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Притворен 38 годишен охриѓанец, кој во девет наврати измамил жители на Виница и Штип и го олеснил за над 3,5 милиони денари

Триесет и осумгодишен охриѓанец заврши во притвор. Тој се товари за измама…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесет и осумгодишен охриѓанец заврши во притвор. Тој се товари за измама на шест лица во Штип и три во Виница, со што се стекнал со над 3,5 милиони денари. Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека расчистени се девет сторени кривични дела „измама“ за лажни сообраќајни незгоди.

– На ден 04.02.2026 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишен од слобода е П.С.(38) од Охрид, се вели во соопштението од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. До Основното јавно обвинителство Штип поднесена е кривична пријава по итна постапка, а по предлог на ОЈО Штип П.С. е спроведен пред судија на претходна постапка при што му е одредена мерка притвор. 

Реклама

Според првичните информации 38 годишниот П.С. се јавил на оглас за работа и во телефонски разговор од страна на непознато лице му било посочено дека за одредена сума на пари треба да оди на посочени локации и да зема пари, пратки, по што ги оставал на друга локација. Измамите на територија на Штип, Кочани и Виница периодов беа зачестени, а жртви беа повозрасни граѓани, кои одговарале на телефонските повици дека на нивни блиски им требаат пари, за да не одговараат за учество во сообраќјани несреќи или дека под итно им се потребни операции од страна на лекар.