Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Притвор за сите 14 осомничени, Бектеши и Трајковски спроведени во Шутка

Ексминистерот за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ексминистерот за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште 12 лица осомничени се во притвор од 48 часа за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Судот во Кочани го прифати барањето на обвинителството по предлогот за определување мерка краткотраен притвор за сите 14 осомничени лица. Изречена е мерката краткотраен притвор во траење од 48 часа“, информираа од Основниот суд Кочани.

Од судот велат дека се постапува по предлозите на Обвинителството, во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а 155 се повредени.

Реклама

Љупчо Коцевски вчера соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани се работи на итно процесуирање на 14 осомничени.  Тој информираше дека се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик со казна затвор од најмалку три години без горна граница на казнување, што може да се движи до 20 години. Воедно, рече дека се испитуваат дејствија на примање и давање поткуп како и незаконска набавка на пиротехнички средства.

„Вкупно до овој момент се работи на итно процесуирање на 14 лица обезбедени од нашето постапување до овој момент. По однос на увидот можам да кажам дека сите важни релевантни факти и докази на местото се обезбедени и следат дополнителни анализи и вештачења од соодветна област“, рече Коцевски, дополнувајќи дека во текот на оваа недела има можност да се поведе истражна постапка.

Пред судот во Кочани, синоќа беа изведени Бектеши, Трајковски и уште едно лице. По распитот тие се испратени во Истражниот затвор Скопје. Заедно со нив се спроведени уште три лица. Останатите се наоѓаат во притворското одделение во затворот во Куманово.

Претходно на распит беше и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов,  и како што соопшти Обвинителството дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.

„Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката“, информираа од Обвинителството.

Вчера утрото тој поднесе оставка.