Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Притисоци врз административците пред протестите најавени за в петок

На власта и гори под нозе. Постојаните протести на државната администрација и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На власта и гори под нозе. Постојаните протести на државната администрација и растечкото незадоволство ја натераа на ниски потези.

Преку телефонски јавувања, инспекции и разни други форми на притисоци се обидуваат да ги демотивираат синадикатите во заложбите за остварување на своите работнички права.

Притисоците секогаш се најсилни непосредно пред протест, вели Трпе Деановски од УПОЗ.

Реклама
  • „Минатиот протест кога беше на 28 септември имавме притисоци од страна на работодавачите. Дури имавме и случај работодавач да повика инспекција на труд за да ги заплаши колегите кои што треба да дојдат во Скопје, да не излагаат, бидејќи немале основ како да излезат од работа“ – Истакна Трпе Деановски од УПОЗ

Од УПОЗ додаваат дека притисоците може да бидат разни, особено како штрајковите и протестите траат со месеци, како оној на администрацијата во судовите и обвинителствата.

  • „Имаме добронамерни јавувања, од страна на роднини и пријатели, да не се излегува на протест, дека не било убаво, да се види ситуацијата во државата каква е, меѓутоа, на сите тие што се добронамерници им препорачувам да не се јавуваат. Неколку пати сум кажал, ќе повторам пак. Доколку некој раководен орган, работодавач, министер, претседател на суд, и тн… Има обиди да ги заддржи вработените да не излагаат на протест, сме кажале, ќе ги објавиме со име и презиме и со функција, па дури и домашна адреса, кои се тие работодавачи.“ – Порача Деановски.

Кога станува збор за незадоволството во судската администрација, синдикалците велат дека притисокот е многу поголем во малите градови, претпоставените во Скопје не се осмелуваат да им се закануваат на работниците.

  • „Револтирачки е фактот, што и во нашиот синдикат, односно членовите од другите градови, не од сите судови, се пожалија дека претседателите во одредени судови им прават притисоци, не им дозволуваат да излезат на протест, еве, конкретно за петок, им велат, земете ден од одмор и така им праат притисоци да не излегуваат на протести, да не смеат да протестираат и апелирам, како синдикат, да не се вршат притисоци врз вработените во судовите. Ниту еден претседател во судот нема право да ги спречи вработените да го искажат ова демократско право.“ – Порача Јасмина Величкова од синдикатот на судската администрација.

Во пресрет на синдикалното обединување на вработените во судовите, обвинителствата, правобранителството, вработените кај народниот правобранител како и фондот за здравствено осигурување и нивниот заеднички протест пред собранието во петок, синдикатите очекуваат притисоците да засилат, но, велат, се прават според закон и притисоците не можат да ги обесхрабрат.

Никола Цветкоски