Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

При крај е изработката на новиот Закон за судски совет

Речиси е скроен новиот Закон за Судскиот совет и привршуваат реформите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси е скроен новиот Закон за Судскиот совет и привршуваат реформите во правосудството, а јавноста се уште не ги виде препораките на Оценската мисија што влезе во највисокото судско тело, по скандалозното однесување на членовите. Новиот Закон за судски совет треба да придонесе во средувањето и независноста на судството, коешто засега се уште е на колена.

На  дебатата со скопските апелациски судии кои даваа предлози за законот, министерот ИгорФилков посочи дека работната верзија е направена, а во неа се вклучени сите предлози од експертската јавност. Новиот закон е во насока на препораките од Оценската мисија, но засега ниту министерот не откри на што точно се однесуваат.

Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми е задоволна што во креирањето на новиот закон се вклучени судиите. Тие даваат предлози на кој начин ќе се врши изборот на членовите на Судскиот совет како и за критериумите и начинот на гласање.

Реклама

Измените на законот треба да се изгласани најдоцна до јуни 2025, а Оценската мисија препорачува законските измени прво да ги оцени Венецијанската комисија, па потоа да влезат во собраниска процедура.

Ова е последна дебата која ја организираше Министерството за правда на која овојпат учествуваа скопските апелациски. Претходно, вакви дебати се одржаа во Штип и Битола на коишто учествуваа земаа исто така експерти и судии.

Имено, Оценската мисија влезе по Судскиот совет откако членовите незаконски ја разрешија поранешната претседателка Весна Дамева. Судскиот совет беше мета на напади не само од експертската јавност туку и од Еверопската комисија како и од меѓународните претставници во Македонија. Скандалозното однесување на членовите и функционирањето на судскиот систем придонесе за топење на довербата во судстото кај граѓаните од 2 %.

Покрај нов Закон за судскиот совет, премиерот Христијан Мицкоски смета дека е потребен нов Кривичен законик кој ќе биде базиран на европското искуство. Тој појаснува дека овој Кривичен законик ваков каков што е, ќе значи амнестија за дел од сторениот криминал за кој што постои основано сомнение и докази.