Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Презентиран „Водич за вештачка интелигенција“ за наставници, стручни соработници и ученици

„Водич за вештачка интелигенција“ беше презентиран денеска во Министерството за образование и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Водич за вештачка интелигенција“ беше презентиран денеска во Министерството за образование и наука. Како што беше кажано на настанот, тој е наменет за наставници, стручни соработници и ученици.

-Како што и најавив, од оваа учебна година вештачката интелигенција влегува во училиштата. Сосема логичен и нужен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, што значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија. Се работи за технолошка иновација чија примена во сите сфери е глобален тренд, а ние како Влада со поширока поддршка од професорската и експертската заедница, заедно со наставниците, ќе се трудиме да го следиме тој тренд, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска.

За водичот за примена на генеративната вештачка интелигенција во образованието, таа рече дека на 120 страници, сеопфатно се осврнува на историјата на вештачката интелигенција и дефинициите за неа, на видовите вештачка интелигенција, како на примената на најпознатите алатки на вештачката интелигенција за создавање и уредување текст, за слики и мултимедија, за истражување и учење, за музика и слично. 

Реклама

– Понатаму, како да се користат алатките по одделни области – математика, природни науки, јазици и литература, историја и општествени науки. Како да се препознаваат можни злоупотреби на податоци и слично. Во суштина, содржи препораки што се наменети за наставниците, стручните соработници и за учениците, подвлече Јаневска.

Како што појасни министерката, наставниците и стручните соработници ќе треба да научат како најлесно да го пренесуваат знаењето за придобивките и ризиците од користењето на вештачката интелигенција, но, исто така и да препознаваат злоупотреби на новите технолошки алатки од страна на младите. 

– За учениците пак, има препораки како етички да ја користат вештачката интелигенција за образовни цели и да препознаваат можни манипулации и злоупотреби на приватност, додаде Јаневска.

Беше нагласено дека водичот во електронска форма ќе биде споделен со сите училишта и многу наскоро заедно со факултетот и со Бирото за развој на образованието ќе започнат обуки за наставниците, односно ќе се обучуваат ментори кои понатаму ќе го пренесуваат знаењето до сите наставници во училиштата. 

– Во моментов имаме јавен повик за пријавување на наставници само од средните училишта, што е дел од соработката со групацијата Бреинстер, истакна Јаневска.

Деканот на Факултетот за информатика, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Сашо Коцески рече дека вештачката интелигенција се развива со голема брзина. Тешко е, додаде, во еден документ да се опфатат сите работи, па затоа се препорачува да се надоградува водичот.

– Едукацијата е најдобра превенција. Најдобро е да се едуцираат децата, но и наставниците, рече тој, посочувајќи дека децата имаат пристап до вештачката интелигенција.