Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Економија

Превозниците од Западен Балкан на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната

Во Скопје денеска ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан на која ќе се утврдат активностите што ќе се преземат во следниот период за да се надмине проблемот со којшто се соочуваат професионалните возачи при престој во Шенген зоната. 

Откако Европската унија воведе нови правила за престој во Шенген зоната, најпогодени беа професионалните возачи кои и протестираа против ваквата одлука. Превозниците бараат изземање од правилото со кое престојот се ограничува на 90 дена во период од 180 дена. 

Превозниците за првпат се среќаат во Скопје, а најавено е учество на претставници од Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. 

Реклама

– Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на нашите идни активности, изјави вчера за МИА Биљана Муратовска од Асоцијацијата на превозници – МАКАМТРАНС.