Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Прилози

Превентивни прегледи по повод месецот на машкото здравје, се зголемува бројот на заболени од рак на простата

Скрининг, навремена посета на уролог и да не се молчи за проблемите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скрининг, навремена посета на уролог и да не се молчи за проблемите – ова се препораките од лекарите кои ги упатуваат по повод месецот посветен на машкото здравје. Голем број граѓани денеска ја искористија можноста за бесплатен скрининг за рано откривање на рак на простата и други уролошки прегледи. Акцијата ја организираше геријатриската болница “13-ти ноември”. Според уролозите, раната дијагностика е предуслов за успешно лекување.Апелираат мажите над 45 години задолжително еднаш годишно да прават уролошки прегледи.

Со оваа акција, болницата „13 Ноември“ испраќа силна порака дека превенцијата спасува животи и ги повикува мажите да ги победат табуата, да се грижат за своето здравје и да направат редовни прегледи.

Во знак на поддршка на иницијативата за зголемување на свесноста за значењето на навремената грижа за машкото здравје беше и градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски.

Реклама

Ракот на простата е на врвот од карциномските машки заболувања.Статистиките покажуваат дека по околу 500 нови пациенти годишно се дијагностицираат со оваа болест.