Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Превентивни активности на СВР – Скопје и ОВР – Кочани

Три сообраќајно – превентивни активности беа реализирани денеска од страна на СВР…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три сообраќајно – превентивни активности беа реализирани денеска од страна на СВР – Скопје и ОВР – Кочани, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска од страна на Одделението за превенција при СВР – Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на Полициското одделение – Петровец, односно кај наплатната рампа „Миладиновци“, беа реализирани две сообраќајно-превентивни активности, под мотото „Не збори на мобилен додека возиш“ и „Стави појас“. Во рамки на активностите, од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни летоци, со пораки за одговорно управување на возилата, согласно позитивната законска регулатива, како и задолжително користење на безбедносен појас за време на управување со моторно возило и задолжително прилагодување на брзината спрема условите на патот, а сè со цел подигнување на безбедносната свест, информираа од МВР.

Од страна на ОВР – Кочани пак, била спроведена превентивна активност под мотото „Не биди нем сведок, пријави насилство“.

Реклама

– На граѓаните во директна комуникација им беше посочено да не молчат, туку да пријават насилство, со цел да помогнат на жртвата. Исто така, им беше потенцирано да ги учат децата на емпатија, да се почитуваат, сакаат и да бидат толерантни и да разговараат за врсничко насилство. На истите им беа делени и летоци со едукативна содржина, додадоа од МВР.