Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Претставката од Здружението на родителите на загинатите од Кочани на седница на Постојаната анкетна комисија

Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во македонското Собрание денеска закажа седница, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружение на граѓани „16 март 2025 Кочани“, во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во писмото на Здружението се посочува дека ова за нив не е политичка тема, туку борба за правда за нивните деца и спречување на идни вакви случаи. Во писмото се нагласува дека не сакаат ништо повеќе од она што Уставот и законите треба да го гарантираат: одговорност и почитување на човековите права и човечкиот живот, а за што сметат дека постои јасна и неодложна обврска институциите да дејствуваат.

-И затоа од Вас бараме, согласно Вашите надлежности како парламентарна комисија: Да поведете постапка за разгледување на овој случај како сериозна повреда на човековите права и слободи, особено правото на живот, безбедноста и правична постапка; Да ги повикате на сослушување сите релевантни институции, функционери и физички лица кои имале надлежност или биле во позиција на одговорност пред, за време и по трагичниот настан; Да иницирате темелна парламентарна истрага преку собраниската Постојана анкетна комисија со која раководите, со цел да се откријат сите слабости  во системот и евентуални прикривања, со посебен акцент на улогата на корупцијата. Да предложите итни измени во законската регулатива за работа на угостителски објекти, вклучително и јасни безбедносни стандарди, транспарентност во издавање на дозволи и зајакнување на контролата врз инспекциските органи и доколку утврдите дека имало масовна повреда на човековите права во трагедијата од Кочани, да поведете постапка за утврдување на одговорноста кај носителите на јавните функции, се наведува меѓу другото во писмото од Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Реклама

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права и пратеник на Левица, Димитар Апасиев на 27 ноември кога информира за закажувањето на седницата соопшти дека поканети се Претседателката на државата, Премиерот, претседателот на Собранието, министерот за внатрешни работи и други претставници на надлежни институции. На седница родителите и блиските роднини на загинатите деца во трагедијата во Кочани ќе можат да се обратат на собраниската говорница.

Апасиев во пресрет на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, вчера повторно упати апел до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, како што вели, „да не измислуваат изговори и да се појават на седницата“. Тој посочува дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е усогласен токму со нив, бидејќи единствено денеска, не било закажано судско рочиште за „Пулс”. 

Минатата недела, пак, на предлог на пратениците од парламентарното мнозинство – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ во Собранието беше донесена одлука да се основа Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Република Северна Македонија која ќе се фокусира на трагедиите во Кочани, во Модуларната болница, Дурмо турс и Ласкарци. 

Во Собранието денеска во 11 часот треба да започне и пленарната седница на која на дневен ред е дополнетиот Предлог на буџет на државата за 2026 година.

На 19 ноември, годинава, во судницата во КПУ Идризово започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март годинава, загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. 

Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска и се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари. На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.