Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Претседателот на Уставиот суд Костадиновски на средба со неговиот српски колега Петров

Делегација на Уставниот суд претставувана од претседателот Дарко Костадиновски и судиката Ана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Уставниот суд претставувана од претседателот Дарко Костадиновски и судиката Ана Павловска-Данева, остварија работна средба со претседателот на Уставниот суд на Србија Владан Петров и судијките Добросав Миловановиќ и Наташа Плавшиќ. 

Како што се наведува во соопштението од Уставниот суд, претседателите на двата суда изразија заемно задоволство од средбата и се согласија да работат на унапредување на соработката, особено земајќи го предвид пријателството меѓу двете држави и народи.

– Претседателот Костадиновски ја истакна важноста од интензивирање на билатералната соработка меѓу двата суда и истакна дека целта на оваа посета во Белград, е во најскоро време делегациите на двата суда повторно да се сретнат и да учествуваат во заеднички активности – се наведува во соопштението од средбата.

Реклама

Претседателот на српскиот Уставен суд Петров нагласил дека Костадиновски е првиот претседател на Уставен суд кој го посетил Уставниот суд на Република Србија, откако тој е избран да раководи со институцијата. 

Како што истакнал, тоа има и симболично значење, бидејќи земјите од регионот, особено уставните судови, треба да соработуваат многу поинтензивно, потенцирајќи дека тие треба да бидат меѓу водечките институции во државите кои ќе придонесуваат во процесот на европските интеграции.

Петров и Костадиновски разговарале и за надлежностите на двата суда, начинот на одлучување, како и за актуелните предизвици со кои се соочуваат.

– На средбата беше искажана иницијатива за започнување на подготовки за изработка на Протокол со кој ќе се формализира соработката меѓу двата суда, со акцент за споделување на добрите практики уставно- судската пракса, како и за размена на искуства и знаења меѓу судиите и соработниците во уставните судови, посочуваат од Уставниот суд.