Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Професорот Атанас Козарев гостин на меѓународна конференција за предизвиците по локалната безбедност во контекст на современите безбедносни ризици и закани

Конференцијата опфаќа една многу актуелна безбедносна проблематика која е значајна за локалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конференцијата опфаќа една многу актуелна безбедносна проблематика која е значајна за локалната самоуправа, а тоа е прашањето за локалната безбедност во контекст на современите безбедносни ризици и закани. На мостот помеѓу локалната самоуправа и локалната безбедност свое место и значење имаат невладиниот сектор, медиумите, академската и експертската јавност.

Проблемот со мигрантите меѓународна, регионална, национална и локална димензија. Одржувањето на конференцијата коинцидира со успешните акции на Бирото за јавна безбедност под раководство на директорот Саше Тасевски кои беа поздравени од учесниците на конференцијата.

Овој системски пристап на полицијата очекуваме да даде конкретен придонес во борбата со мигранатската криза. Предавањата на конференцијата се во функција на јакнење на капацитетите на локалната самоуправа во организација на Интернационалната полициска асоцијација – Македонија и посебно регионот Струмица, како и на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје.

Реклама

Посебна улога во одржувањето на конференцијата имаше поддршката од локалната самоуправа – Струмица, Босилово, Василево, Ново село. Во рамките на конференцијата се промовираше новиот научно-истражувачки проект: Полицијата и заедницата – безбедноста на локалната самоуправа во Република Македонија. Акцентот ќе биде фокусиран кон евалуација на досегашното функционирање на овој полициски модел. Овој проект ќе биде важен за успешно остварување на локалната самоуправа кај нас и ќе продонесе за јакнење на соработката помеѓу локалната самоуправа и локалната полицика, преку јакнење на капацитетите на моделот на полициско работење во заедницата.