Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата евроинтеграциска определба

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со партиска делегација, од денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со партиска делегација, од денеска до 20 март, ќе присуствува на конгресот на Европската народна партија во Брисел, на кој се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, соопшти прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму истакнуваат дека присуството на конгресот е потврда за цврстата определба на Република Македонија за европската интеграција, како и дека таа можност ќе се искористи за билатерални средби со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија.

Според најавата, Мицкоски со делегацијата, во чиј состав се партискиот генерален секретар, Драган Ковачки, и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски, ќе присуствува на свеченоста на Европската народна партија, која во Брисел свечено ќе ја одбележи 50-годишнината на ова политичко семејство, пет децении централна улога во изградбата на Европа, обликувајќи ја нејзината насока и бранејќи ги нејзините основни вредности.

Реклама

– Присуството на премиерот Мицкоски и на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на овој висок собир претставува потврда за цврстата определба на Република Македонија за европска интеграција, како и за активна вклученост во процесите што ја дефинираат иднината на Европа. Воедно, ова учество е значајна можност за афирмација на националните интереси и за зајакнување на позицијата на државата во рамките на европското политичко семејство. Оваа можност ќе биде искористена за билатерални средби на Мицкоски и на партиската делегација со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија – велат од ВМРО-ДПМНЕ