Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на престојот во Соединетите Американски Држави,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на престојот во Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, го посети Њу Џерси.

Во Тотова, претседателката Сиљановска Давкова ја посети црквата „Свети Никола“ каде присуствуваше на литургијата по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица и оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси.

На средбата таа најави дека наскоро ќе иницира формирање на Совет за соработка со дијаспората.

Реклама

„Не случајно сум тука денеска меѓу вас. Мислам дека вие сте нашите најдобри амбасадори. Вие во најубава светлина ја претставувате татковината без оглед на верата. Затоа мислам дека многу важно е да имаме постојани контакти. Еден од органите што јас набрзо ќе ги формирам со мојот тим е Советот за соработка со дијаспората“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Таа истакна дека дијаспората заслужува да учествува и во изборниот процес, како и во креирањето на најважните одлуки и закони.

„Мислам дека ова ќе биде првиот чекор за континуирана комуникација со дијаспората, советите се добредојдени, помошта и разбирањето се добредојдени, ама и ние дома не смееме да заборавиме дека нашата дома е и ваша дома“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Во Фрихолд, претседателката ја посети џамијата во рамки на заедницата „Дебар“, каде оствари средба со оџата Омер Кадри и претставници на дијаспората по потекло од дебарскиот крај.

На средбата со иселениците претседателката Сиљановска Давкова беше запознаена со нивните активности и начините на организирање и интегрирање во рамки на американското општество. Таа ги реафирмираше нејзините заложби и посветеност за продлабочување на врските со иселениците, искористување на потенцијалите и јакнење на нивната улога во развојот и просперитетот на земјата.