Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова беше дел од дваесет и седмата ораторска вечер „Иво Пухан“

На Правниот факултет се одржа дваесет и седмата ораторска вечер „Иво Пухан“.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Правниот факултет се одржа дваесет и седмата ораторска вечер „Иво Пухан“. Чест ми е што сум нејзина покровителка, објави претседател Гордана Сиљановска Давкова, на својот фејсбук профил.

„Уште еднаш се покажа и докажа дека говорништвото е уметност што плени, восхитува, остава без збор. Дека убавото и вешто говорење не е од Бога дадена дарба, туку се учи, докажа еден од најголемите атински говорници, Демостен. Тој жестоко ја критикуваше македонската држава и нејзините челници, повикувајќи ги Атињаните на отпор во своите филипики. Со силата на речта допираше до свеста и совеста на слушателите, а неговата говорна маана, никој не ја забележуваше.

Рим го имаше великиот Цицерон, ораторот над ораторите, кој им го одземаше здивот на оние кои го слушаа со јачината на мислата и начинот на кој ја соопштуваше. Јулиј Цезар беше не само славен воин , туку и јасен, прецизен, сугестибилен и почитуван говорник. И Черчиловите говори се помнат и цитираат, иако самиот за себе велеше дека не беше роден говорник! Ганди се помни како ненасилен, тивок миротворец, чии зборови се помоќни од оружјето. Има ли некој кој не се воодушевил од Мартин Лутер Кинг чии говори креваа на нозе илјадници луѓе и сè уште се инспиративен абецедар за многу генерации што имаат сличен сон на неговиот. И Кенеди и Обама беа уникатни оратори… Долга е листата на умните и умешни говорници. И ние ги имаме Делчев, Рацин, Коневски и многу други.

Реклама

Мојот факултет може да се пофали со професори чии предавања полнеле амфитеатри и се прераскажувале со генерации. Ја најдов ораторска инспирација во Иво Пухан, професор по Римско право , ерудит чие восхитувачко изразување се темелеше на совршената симбиоза на правник и теолог“- рече Сиљановска Давкова.

Љубителите на убавиот збор вечерва имаа можност да чујат 10 одлични оратори, осум студентки и двајца студенти. Нивните критички согледувања и пораки не разбудија, освестија, насочија, засрамија, вознемирија, задумаа, загрижија, шокираа. Се менуваа темите: од дигиталните дилеми, вештачката интелигенција, женските трауми, општествените неправди, работничките маки, негрижата и заборавот на најзаслужените личности, суровоста на комунистичкиот режим кон бунтовните млади.

Чинам дека бројната изборна комисија во која и неколкумина колеги од правните факултети од соседните држави имаше тешка, но благородна задача да избере тројца најдобри, но и оние по нив, сите победници на некој начин.

Публиката со бурен аплауз ги поздрави лауреатите, поддржувајќи ја одлуката. А јас се вратив со мислите назад на претходните дваесет и шест ораторски вечери во кои се величеше најсилното човеково оружје: мислата и зборот!

Една мисла ми одлета кај професорката Татјана Петрушевска, која секогаш беше со ораторската вечер, а веќе ја нема!, потенцира во објавата Гордана Сиљановска Давкова.