Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот португарски амбасадор Жозе Руи Вележ Каросо

Ако нашиот процес на интеграција во ЕУ не се дебилатеризира, верувам дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако нашиот процес на интеграција во ЕУ не се дебилатеризира, верувам дека тоа ќе постави штетен преседан за сите идни земји кандидати. Другите држави можат да користат билатерални спорови како изговор за блокада на патот на земјите кандидати“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Жозе Руи Вележ Каросо, новоименуваниот амбасадор на Португалската Република, со седиште во Белград.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека годинава се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји и посочи дека постојат бројни можности за натамошно искрено продлабочување на соработката, како на билатерален, така и на меѓународен план, со посебен интерес за интензивирање на економските врски.

Реклама

Нагласувајќи дека континуираната поддршка од Португалската Република за интеграцијата на земјите од регионот во европските структури, а во тие рамки и на нашата држава, секогаш била од голема важност, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека е значајно истата да продолжи со уште поголем интензитет во периодот којшто следи.

„Заслужуваме да ги отпочнеме преговорите за пристапување во ЕУ без натамошно одложување. Сакам да повторам дека и јас и Владата остануваме целосно посветени на неопходните реформи поврзани со нашата интеграција во ЕУ. Сепак, овој процес мора да се спроведе во согласност со критериумите од Копенхаген. Ако нашиот процес на интеграција во ЕУ не се дебилатеризира, верувам дека тоа ќе постави штетен преседан за сите идни земји кандидати. Другите држави можат да користат билатерални спорови како изговор за блокада на патот на земјите кандидати“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Португалскиот амбасадор Жозе Руи Вележ Каросо во своето обраќање истакна дека заедничките вредности што ги обединуваат двете земји, како и соработката во рамки на НАТО, во корист на евроатлантската безбедност, се од особено значење за обезбедување на слободата и демократијата. Тој нагласи дека Португалија целосно го поддржува влезот на нашата земја во ЕУ, како и на другите земји кандидати од Западен Балкан додавајќи дека со реформската агенда и Планот за раст, ова е момент на можност за сите кој не треба да се пропушти.

„Во овие времиња на предизвици со кои сега се соочуваме на глобално ниво, со агресивната војна во Украина и конфликтот на Блискиот Исток, како и со многу други штетни, насилни и страшни трагедии ширум светот, императив е заеднички да се бранат правдата и мирот, со мултилатерална перспектива, според принципите на Повелбата на Обединетите нации“, рече новоименуваниот португалски амбасадор на церемонијата на предавање на акредитивите.

Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорот Жозе Руи Вележ Каросо му посака успех во извршувањето на одговорната функција.