Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова преку видео порака упати честитка до лицата со оштетен слух и говор по повод одбележувањето на 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик

Ова е единствена можност да се поддржи и заштити јазичниот идентитет и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова е единствена можност да се поддржи и заштити јазичниот идентитет и културната разновидност на сите глуви лица и другите корисници на знаковниот јазик.

Според Светската федерација на глуви, во светот има повеќе од 70 милиони глуви луѓе од кои 80% живеат во земјите во развој.

Во светот се користат повеќе од 300 различни знаковни јазици.

Реклама

Тие се целосно развиени природни јазици, структурно различни од говорните јазици.

Постои и меѓународен знаковен јазик, кој го користат глувите лица на меѓународни состаноци и неформално при патување и дружење.

Се смета за форма на знаковен јазик кој не е толку сложен како природните знаковни јазици и има ограничен лексикон.

Конвенцијата за правата на лицата со попреченост ја признава и промовира употребата на знаковните јазици.

Тоа јасно покажува дека знаковните јазици се еднакви по статус на говорните јазици и ги обврзува државите членки да го олеснат учењето на знаковниот јазик и да го промовираат јазичниот идентитет на заедницата на глувите.

Обединетите нации кон крајот на 2017 година го прогласија 23-ти септември за Меѓународен ден на знаковниот јазик.

Пораката на Силјановска – Давкова можете да ја погледнете ТУКА.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=476&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Freel%2F1179376420027744%2F&show_text=false&width=267&t=0

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова преку видео порака упати честитка до лицата со оштетен слух и говор по повод одбележувањето на 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик.