Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова помилуваше десет осуденици

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по повод Денот на Македонската револуционерна борба,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по повод Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври, помилуваше десет осуденици. Еден од нив е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, кому претседателката му скрати една година од затворската казна од која му остануваат за извршување уште околу три години.

Делумно помилување со три месеци помала казна доби и Марјан Ефремов, кој беше првообвинет во предметот „Шпион“. Меѓу делумно ослободените се и Мухарем Али, Тодор Попов, Томислав Симонов, Перо Кузмановски и Живко Делиџаков. Тие добија намалување на затворските казни по два односно три месеци.

Според одлуката за помилување затворската казна се заменува со условна осуда на Акиф Бејадин Равмановски, кој беше осуден на 15 месеци.

Покрај Равмановски, затворската казна со условна им се замени и на Никола Трпчески и Шенол Маслани.

На ваквата одлука на претседателката реагираа од СДСМ. Од опозициската партија велат дека помилувањата биле шокантни и декаСиљановска помилувала и осудени криминалци уапсени во големи полициски акции со заплени на оружје, пари и дрога.

Ова почитувани е погазување на правото и правната држава. Ова е силен удар врз безбедноста на граѓаните и врз работата на полицијата и на надлежните институции. Клучното прашање почитувани е зошто Сиљановска Давкова, ја носи оваа скандалозна одлука. Дали власта има дил со криминалните структури кои се ставаат во нивна служба на овој начин“, праша портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска.

Претседателката Давкова вели дека помилувањата ги потпишала затоа што и верувала на комисијата која е составена од врвни експерти кои се воделе од законските нормативи, дека не гледале кои се личностите со име и презиме, туку ги анализирала нивните дела.

Реклама

„Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете кај првата е година и три месеци, значи кога ги замениле овие казни со условна од три години. Да личностите се навистина интересни, во негативна смисла, тоа е факт сега гледам јас тоа, но јас гледам дека тие се воделе од конкретните дела“, рече Гордана Силљновска Давкова.  

Одлуката со помилувањата е објавена во службен весник на 22 октомври, а истата претседателот на државата ја носи по препорака на комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателот.

Љубиша Владимиров