Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, лишени од слобода пет лица

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчераншниот ден се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчераншниот ден се извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола при што биле пронајдени дрога, оружје и муниција, а од слобода боле лишени пет лица.

-Вчера во 15:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Д.(20) од село Долно Оризари, битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола била пронајдена марихуана. Истиот дене во истоти време во село Брезница, општина Македонски Брод, полициски службеницни од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Б.М.(46) одистото село. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кичево биле пронајдени куршуми, информират од МВР.

Според Министерството, вчера во 10:35 часот во селото Евла, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода П.Т.(55) од Ресен. При претреси во неговиот дом во Ресен и во село Евла, извршени со судска наредба, биле пронајдени 28 куршуми, испукани чаури и ловечка пушка.

Реклама

Во село Светомитрани, крушевско, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Крушево, пак, на истиот ден извршиле претрес во домот на К.Т.(38) од ова село, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка, ловечки патрони, пиштол и две рамки за пиштол.

Полициски службеници од ОВР Крушево, со судска наредба извршија претрес во домот на ВН.(48) од Крушево, при што била пронајдена и одземена ловечка пушка.

Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случаите, против лицат ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.