Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Преспанското Езеро покачено за 45 сантиметри, но сè уште е далеку од нормален водостој

Обилните врнежи од дожд кои во ноември ја зафатија Преспа,само привидно го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обилните врнежи од дожд кои во ноември ја зафатија Преспа,само привидно го вратија  во живот второто по големина природно езеро во Македонија. Според последните мерења, водостојот на пресушеното Преспанско е зголемен за 45 см,но тоа сеуште е под дозволениот минимум од 847,60 метри надморска височина и се наоѓа на 841,22 метри надморска височина. Експертите се децидни, само една делумно поволна хидролошка сезона не може да го спаси езерото. Покрај климатските промени, причина за ваквата состојба е човекот, но и инертноста на институциите во трите држави кои го делат.Статешкиот акциски план за управување со Преспанското езеро од денешен апсект е тотапно не употреблив, оти е стар 20 години.Една држава,во случајов Македонија, не може да го спаси од исчезнување езерото кое го делат три држави.

Земете го во обзир тоа дека не е само до нас, мора да постои високо ниво на соработка со соседните земји.Не можеме да оставиме само една земја да ги решава сите приблеми, мора да има хармонизација на закон и мора да има хармонизација на методи на работа и секако многу многу повисоко институционално ниво на соработка,локално регионални и меѓи земјите”-вели Орхидеја Крстаноска-директор на Хидробиолошки институт

Oд 1963 година, езерото изгубило 60 % од својот волумен,а квалитетот на водата е се полош.Во услови кога пресушуваат дел од реките кои го полнат езерото, квалитетот на водата се загрижувачки.

Реклама

Во сливот на Преспанско езеро постојат реки кои што можат да имаат привремено вода во одредени периоди меѓутоа голем дел од нив во сушните периоди воопшти немаат вода.Едносвена река која скоро постојано се влева во Преспанското езеро е големата река која што всушност претставува и најгоемиотзагадувач на езерото вели Орхидеја Крстаноска-директор на Хидробиолошки институт

Од општина Ресен полагаат надеж дека може Преспанско може да се спаси,со оглед на тоа што по обилните дождови, протекоа извори од кои со децении не пакнала капка.

 После 20 години за прв пат го имаме изворот во Сирхан повторно активен, што е показател дека водата во Преспанското езеро во периодов што следи има тенденција на покачување на нивото  – вели Јован Тозиевски,градоначаник на Ресен

Општина Ресен ќеизгради канализациски системи и прочистителни станици но без свежа вода и намалување на екслоатацијата,нема спас за Преспанско.Повлекувањето на водата долж брегот е од неколку стотици метри па дури и до над 5 км километри.