Реклама
Прилози

Премногу случајности за да биде случајно- дали политиката стои зад пожарите во предизборието?!

Премногу случајности за да биде случајно. Симптоматично е како во исто време,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премногу случајности за да биде случајно. Симптоматично е како во исто време, во предизборие, се случуваат неколку пожари, последните дури и во ограден простор, во депонии, кои предизвикуваат сериозно загадување. Според познавачите она што се случува посебно минативе две лета насочува на тоа дека човечки фактор стои зад пожарите.

Низ текот на летово бевме сведоци на шумски пожари, а пронајдени беа запалени гуми пуштени низ шумите, но и палети кои би предизвикале брзо распламнтување на огнената стихија. Како се гаснеше еден пожар, се палеше друг, а сега гледаме дека речиси во исто време се случуваат пожари во две депонии, Дрисла и онаа во Трубарево, а неколку пати гореше депонија и на патот Визбегово – Шуто Оризари.

Според политичкиот аналитичар Александар Ристевски, се она што го гледаме последниов период и самото тоа што пожарите наликуваат на намерно темпирани, што уште повеќе насочува на тоа дека станува збор за подметнати.

Реклама

-Ова последново сега што се случува како што гледате кога имаме сосема нормални температури и палење на места кои се дури оградени, каде што повеќе од евидентно е дека постои палење. Прво тоа ни се случи можеби пред месец дена во Шутка према Визбегово, сега гледаме на санитарната депонија Дрисла, сега гледаме на еден куп други ѓубришта, Вардариште завчера ова што се случи. Повеќе од очигледно е дека не се работи за случајност и дека истите се случуваат стихијно и како во одреден прецизен временски период, изјави Ристевски.

Дали стои политичка позадина зад последните пожари, останува да покаже истрагата која што во моментов активно ја води полицијата. Според Ристевски, оние кои решаваат да подметнат пожар, пред се како оној во Трубарево, треба да знаат дека доколку се докаже вина може да добијат најтешка казна според кривичниот законик, односно доживотен затвор, поради екоцид.

-Дали е со политички цели ќе видиме, истрагата ќе покаже. Иако јас би сакал само да алармирам она што законот го покрива како таков дека овој тип на злосторство, ваква форма на еколошко насилство, каде што се загрозуваат и краткорочно и долгорочно животите на населението, според кривичниот законик, ако не грешам мислам дека е тоа член 230, е предвидена затворска казна од 10 години до доживотен затвор, изјави Ристевски.

Претходно и премиерот Хрстијан Мицкоски, кажа дека организирани центри на моќ, во и надвор од земјава стојат зад пожарите. Службите го информирале за хибридни напади, добро организирани од групи, кои не ѝ мислат добро на Македонија. Потенцираше дека ти ќе продолжат и во иднина, но дециден е Владата ќе ги порази.

Матеја Петровски