Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Премиерот Мицкоски за уставните измени: Заради стотина граѓани се блокира европскиот пат на Македонија

Заради стотина луѓе блокиран е патот на Македонија кон Европската Унија. Дали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заради стотина луѓе блокиран е патот на Македонија кон Европската Унија. Дали некој може да гарантира дека уставните измени и внесувањето на Бугарите во Устав, ќе бидат последното барање на Бугарија, за да ја ослободи Македонија на европскиот пат. Ова се прашањата кои премиерот Христијан Мицкоски ги постави пред стартот на самитот на НАТО во Вашингтон. 

-Ние нема да може да бидеме спремни да ги отпочнеме преговорите, ако не вметнеме неколку стотини наши граѓани во Уставот. Што значи дека тоа е дел од бугарското малцинство во Македонија. Но, дали ова е последно барање? Кој може да ни гарантира дека ова е последно? Во ред, немаме одговор на тоа прашање, изјави Мицкоски.

Премиерот вели дека пред Бугарија да бара Македонија да ги исполи уставните измени, треба да си ги погледнете и обврските на свој терен, односно да ги испочитува обврските согласно пресудите на судот во Стразбур.

Реклама

-Која институција во Европа е задолжена да суди, дали нечии права се испочитувани? Ние збориме за Судот за човекови права во Стразбур. Ние имаме 14 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур, кои велат дека човековите права на македонската заедница во Бугарија се повредени и се под рестрикција, а такво нешто е нула за бугарското малцинство во мојата држава. И тука се поставува логичното прашање, чии права се повредени и која е целта за таквиот чекор?, праша Мицкоски.

Покрај спорот со Бугарија, тема во Вашингтон ќе биде и Преспанскиот договор, односно незадовлството на Грција, што новата македонска власт го користи името Македонија без придавката Северна. Останува отворено прашање дали ќе има средба меѓу Мицкоски и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Меѓутоа од официјална Атина јасно порачуваат дека Преспанскиот догоровор ќе биде тема во Вашингтон.  

-Секако дека ќе се покрене прашањето за прекршување на основните одредби од Договорот од Преспа од соседната земја. Не знам за некоја планирана средба со премиерот на Северна Македонија. Не знам дали ќе се случи, но сигурно не постои нешто што е планирано од грчка страна, рече Амирас.

Главната цел на самитот на НАТО ќе биде да се зацвртси поддршката на Украина во битката со руската агресија. Се очекува украинскиот претседател Володомир Зеленски да побара и засилување во делот на оружјето со цел справување во конфликтот со Русија.

Матеја Петровски