Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Продлабочување на економските односи, размена на искуства и отворање на нови пазари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продлабочување на економските односи, размена на искуства и отворање на нови пазари и перспективи меѓу Македонија и Унгарија. Премиерот Мицкоски во Будимпешта се сретна со неговиот колега Виктор Орбан. За Мицкоски Унгарија отсекогаш важела за искрен и докажан партнер на Македонија,а двете земји делат заеднички вредности, што се темелат на стратешко партнерство. И двајцата средбата ја оценија како позитивна и најавија конкретни проекти од интерес за граѓаните.

„Во време на предизвици, силните пријателства и јасната визија се клучни за стабилност и развој. Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели“, објави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

Мицкоски се обрати и на бизнис форумот во Будимпешта. Нагласи дека директната комуникација меѓу двете земји е клучна за воспоставување на нови партнерства и зајакнување на економската соработка.Премиерот упати јасна порака до деловната заедница дека Македонија е отворена за инвестиции и партнерства, нудејќи поволни услови, стратешка географска позиција и квалификувана работна сила. Тој ги охрабри унгарските компании да ги разгледаат можностите за инвестирање во земјата, но истовремено потенцираше дека македонските компании се подготвени да ги прошират своите активности и на унгарскиот пазар.

Реклама

Нововоспоставената авиолинија меѓу Скопје и Будимпешта е значаен чекот напред во поврзувањето на двете држави, не само од аспект на мобилноста, туку и како силен поттик за развој на бизнис соработката, инвестициите и туризмот.

„Оваа директна врска ќе придонесе за зголемена динамика во економските односи и ќе отвори простор за нови иницијативи и проекти“, објави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски..

Во делот посветен на економските перформанси, Мицкоски истакна дека Владата спроведува политики насочени кон создавање на стабилна, предвидлива и конкурентна деловна средина. Како резултат на тоа, во 2024 година, Македонија достигна историски највисоко ниво на странски директни инвестиции,  во износ од  околу 1,25 милијарди долари, што ја позиционира меѓу водечките дестинации во Европа, според инвестиции по глава на жител.

Мицкоски се осврна и на политичката стабилност и институционалниот капацитет на Владата, потенцирајќи дека стабилното парламентарно мнозинство и континуитетот на изборните победи создаваат сигурна основа за спроведување на реформите и за долгорочен економски развој.

Мицкоски изрази уверување дека овој форум ќе резултира со конкретни договори, нови деловни врски и долгорочни партнерства кои ќе придонесат за економскиот развој на двете земји. На форумот беа претставени неколку десетици македонски компании кои директно се вмрежуваат со унгарската бизнис-заедница, што претставува огромна можност за искористување на постојните потенцијали.